<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Системски сетирања > Материјално > Општо |
1.При внес на ставки во материјална калкулација, по внес/избор на шифра на производ, курсорот да ја прескокнува тарифата за ддв и да се позиционира на количина. Ддв тарифата се пополнува од тарифата внесена во шифрарникот на производи.
2.Подесување на број на децимали во единечната цена на производот (набавни и продажни цени). Ова потоа влијае и на точноста на соодветните износи.
3.Излезните калкулации од тип - резервација да не ја намалуваат моменталната количина на лагер.
4.Избор дали при креирање на парагон од материјално за истиот автоматски да се запише наплата (на целиот износ).
5.Во измена на излезна калкулација, доколку е чекирано, врши промена на цени според ценовник
6.Се користи при импорт на податоци од друга база на Хеликс со чекирана нивелација. Доколку не е чекирано, калкулацијата се книжи (прекнижува).
7.Се користи за редукција на активности кога е дефинирана спора конекција (на пример, наместо сите производи, да прикаже филтриран дел од нив, да не прави екстра контроли при бришење и сл.
8.Доколку во калкулација се внесени повеќе ставки со иста шифра, истите се групираат во една ставка со збирна количина.
9.Доколку не е чекирано, не прави список на родители кој подоцна се користи при изработка на извештаи.
10.Доколку е ова сетирано, книжењето на фактурите е секогаш за комитентот за кој е фактурата, дури и кога тој комитент е подкомитент на друг (главен) комитент дефиниран со шифра за книжење во шифрарникот на комитенти.
11.Три реда за предефинирана напомена која автоматски ќе се пополнува на нови излезни калкулации од материјално (нема ефект на постоечки калкулации).
12.Набавна цена во излезни калкулации за производи кои во моментот ги нема на лагер (негативна количина), дали системот да предлага 0, или последната набавна цена кога количината била позитивна.
13.Ова сетирање е наменско за комитент (не работи за останатите).
14.Поле за поставување на дифолтни урнек на излезна денарска фактура од материјално, извозна фактура, испратница, услужна денарска фактура, услужна девизна фактура и други. Овие урнеци би важеле за сите фирми, освен ако во генералии на некоја фирма не е поставено поинаку.
15.Избор на дифолтен магацин. Ова е битно за повеќе активности, како н.п. за поврзување на каса во малопродажба со лагер од магацин.
16.Поле за поставување на дифолтен урнек на товарен лист.
17.Дефинирање на начин на формирање на автоматски архивски број на документ. Ако е сетиран checkbox-от тогаш арх. броеви имаат сопствен бројач кој генерира редоследен број по евентуален предефиниран префикс. Во спротивно се појавува избор за преземање на број од калкулација или од документ.
18.Ова сетирање е поврзано со евентуалните зададени ограничувања за неплатени фактури или заостанат долг на ниво на комитент, и се однесува на видот на акцијата доколку се изготвува фактура за комитент на кој му е надминат дозволениот лимит.
19.Доколку е ова сетирано, при печатење на фактура се појавува избор дали да се печати фактурата со главната (основна) шифра на производите, или со помошната шифра.
20.Ова сетирање е поврзано со модулот за сервисно работење, и се однесува на тоа кој шифрарник да се отвара во сервисните налози.
21.При спојување на повеќе испратници во една фактура, зависно од ова сетирање се запишуваат артиклите со продажната цена од испратницата или од шифрарникот. Ова не влијае на евентуалниот рабат на ставките во испратниците (рабатот секогаш се пренесува од испратниците).
22.Оваа опција се користи само во модулот за станбено работење, и се однесува на услуги со негативна количина.