Содржина на излезни калкулации

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Системски сетирања > Материјално >

Содржина на излезни калкулации

L09_Materijalno_SodrzinaNaIzlezniKalkulacii

 

1.Приказ на 3 (редовен, количински и сезонски) рабати при внес/промена на ставка во излезна калкулација од материјално.

2.Избор дали доколку при интерна преносница во продавница, автоматски да се генерира нивелација за артиклите кои се со цени различни од тековната последна цена во продавницата.

3.Ова сетирање повеќе не се користи

4.Ова функционира при избор на производ во излезна калкулација, услов е за калкулацијата да има вредност за продавница, се појавува порака дека предлог за продажна цена е 0.

5.Дали да се појавува избор на комитент при креирање на парагон од материјално, или автоматски да се сетира дифолтен (0000 - купувач)

6.Овозможува видливост на полето за претпоставена набавна цена во ставка на излезна калкулација. Исто така овозможува видливост и на соодветната колона во содржината на калкулацијата.

7.Генераторите на редоследен број на документ (број на фактура и број на испратница) да се однесуваат на ниво на сите магацини, или бројачи за секој магацин засебно.

8.Претходно споменатиот генератор да ги зема во предвид и услужните калкулации.

9.Избор дали да јавува порака кога количината се намалува под минималната. Прегледот во лагер листата со критични количини функционира секогаш, т.е. не зависи од ова сетирање.

10. Ова сетирање овозможува автоматско пополнување на полето за пакети поврзано со полето за количина со коефициент = виртуелна количина, како и обратно, т.е. со внесување на вредност во полето за пакети се пополнува количината.

11. Посебен режим на изготвување на производни калкулации, при кои набавниот износ на финалните производи се формира како пропорција од сумата на сите репро материјали во калкулацијата, без директна врска на репро материјали и финални производи.

12. Избор за режим на печатење на испратници со или без цени. Ова се однесува на дифолтен урнек на испратница од материјално.

13. Избор на број на цифри ( 4 или 5 ) на редоследен број по префикс кој би се генерирал со автоматските генератори на калкулациски број, број на документ и број на испратница.

14. Дифолтен (предлог) ценовник за цени од шифрарникот на производи. Првата цифра го означува редниот број на цената (макс. 9), а втората означува дали истата е дефинирана со данок или без (1 - со ДДВ; 2 - без ДДВ)

15. Сетирање кое е поврзано со режим на работа со дистрибутери, и можноста за доделување на група на производи на дистрибутер. Доколку ова е сетирано, секој дистрибутер би можел да работи само со производи кои припаѓаат на претходно доделените групи.

16. Видливи колони во содржина на излезна калкулација.

17. Предупредувачка порака при генерирање на резервација со проверка на моменталната количина на лагер во избраниот магацин.

18. Филтер за да се прикажуваат слики само со екстензија .bmp, т.е. да се игнорираат другите формати (екстензии) на слики. Ова се однесува на опцијата „Постави слика за потпис“.

19. Јавува предупредувачка порака доколку се печати веќе испечатена фактура.

20. Старо сетирање за испратница со или без цени кое веќе не се препорачува, бидејќи е заменето со сетирањето објаснето со точката 12.