<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Системски сетирања > Општо > Генерални |
1.По излез од (содржина на) калкулација – влезна, излезна, малопродажна,... истата веднаш се заклучува.
2.При стартување на програмот – ги заклучува сите калкулации со датум <= тековен датум – Х денови.
3.На формата за комитенти не се гледаат Специјалните опции и копчињата: Печ. поголем плик, Печатење плик, Печатење мал плик, Сел.од шифра до ш. (.)
4.Автоматска надградба на најнова верзија на Хеликс со Хеликс упдејтер
5.Повеќе форми во материјално, малопродажба, финансово, осн. средства... се зголемуваат/намалуваат согласно дефинираниот коефициент (н.п. за зголемување 20% се става коефициент 1.2)
6.Иницијална фирма – при најава во програм се влегува во избраната фирма
Продавница – default-на продавница – неопходна за некои функционалности како н.п. верификација
Магацин – Ова поле понекогаш се користи за сетирање на продавница. Ова НЕ Е сетирање на дифолтен магацин.
7.Проверка на внесениот ЕМБГ во матични податоци дали е валиден.
8.Фолдер каде би се снимал *prenos*.gdb фајлот при експорт на податоци.
9.Излезни калкулации од материјално / малопродажба да не може да изберат дестинационен магацин и дестинациона продавница во исто време
10.При импорт на податоци од пренос фајл, доколку истата постои во програмот, истата ќе се пребрише и импортира одново.
11.Со исклучено сетирање програмот прашува за почетна позиција при печатење на баркодови и декларации во Материјално Влез и излез, малопродажни калкулции и Шифрарник на производи. Со вклучено сетирање пораката нема да се јавува.
12.Патека до урнек за печатење на баркодови/декларации преку шифрарник на производи
13.Запишува во лог фајл c:\v_i_kas.txt време на влез и излез од касата, запишува време на креирање на формата и исклучување од формата за менито за каса, не на најава на секој вработен.
14.Не се користи повеќе, сега се памети секогаш без разлика од сетирањето дали е вклучено или не
15.Претходно ова сетирање забрануваше промена на регионални сетинзи во Control Panel (скратен формат на датум, децимален сепаратор, и сл...). Сега сетирањата се предефинирани во Хеликс-от, т.е. не ги чита од сетирањата на Windows-от.
16.Во преглед на Магацини и продавници, во опции Мобилни уреди/Праќање на уред се креира xml и ако е вклуќено сетирањето се прака продажна цена, а доколку е исклучено се праќа продажна цена 2
17.Се однесува на безбедносните сетирања (ниво на Интернет безбедност) во Control Panel
18.Износ за наплата на (денарски/девизни) фактури со зборови.
19.При старт на програмот автоматски се клика опцијата за копија на база.
20.Патека до извештаите од Report Builder-от.
21.Единствен бројач по префикс за сите калкулации.
22.Подесување на патека до фолдер за backup на базата на податоци.
23.Подесување на конекција на програмот со базата на податоци. Се појавува формата за енкриптирана конекција, со единствена разлика што не може да се постави локална база за каса.
24.Патека до фолдер за xml-и за завршна (само за ЦРМ), т.е за опцијата за креирање на xml во Избор фирма/ Специјални опции/ Припрема на дискета за завршна пресметка
25.Фиктивна почетна состојба значи да не се отвара почетна состојба во нова фирма, туку системот да генерира провизорна почетна состојба со записи кои се формираат од состојбата на 31.12.<претходна година>, но истите се чуваат во база со посебен статус.
26.Кирилична поддршка на ниво на целиот програм.
27.Ова се однесува само на печатење во шифрарник на производи на копчето печати кај панелот за групи и на копчето Печати (сел.) (F2)