Основни поставки

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Системски сетирања > Плата >

Основни поставки

 

L04_Plata_OsnovniPostavki

 

 

1.Доколку ова поле има вредност различна од нула, тогаш минат труд се пресметува само за часовите кои се внесени во полето.

2.и 3. Ова се полиња каде се наведуваат фирмите за кои се однесува сетирањето од левата страна. Објаснувањето се однесува за сите полиња во централната колона. Дополнително појаснување е наведено под точката 32.

4.Ова е процентот за пресметка на минат труд согласно стажот во години

5.Доколку во дефинирана ставка ( ≠ прекувремено ) се внесат часови, за истите се намалува во редовно работење. Боледувањата секогаш намалуваат од редовно работење.

6.Доколку ова поле е сетирано, тогаш прекувремените часови не влијаат на минатиот труд.

7.Минатиот труд е изразен како дефинирана ставка.

8.Минат труд не се зголемува по 30 години стаж.

9.Доколку е ова сетирано, при внес на нето износ, системот пресметува бруто основица од која се добива соодветното нето, а минатиот труд се изразува за сметка на основната бруто плата.

10. Саатнината за боледувањата се пресметува како процент од бруто саатнината само од тековниот месец (наместо како просек од изминати месеци)

11. Урнек (fast report) за исплатно ливче (за сите фирми, освен ако во генералии на фирма не е сетирано поинаку).

12. При креирање на нов месец системот прашува дали да се зголеми стажот во матични податоци, и по потврден одговор истиот се зголемува за 1 месец.

13. Видливост на полињата за вкупен стаж (во години, месеци и денови), во матични податоци.

14. Видливост на поле за внес на часови за годишен одмор, во матични податоци. Сетирањето се однесува само за новокреирани вработени.

15. Видливост на поле за дефинирање вработен на определено време, во матични податоци. Сетирањето се однесува само за новокреирани вработени.

16. Можност за автоматско генерирање на ставка за „Регрес за годишен одмор“ во плата, на износ кој е претходно внесен во матичните податоци.

17. За лицата кои имаат договор на определено време и истиот истекува во следните 7 дена, јавува соодветна порака. Исто така за лицата на кои има доделено работна позиција која не е променета повеќе од 11 месеци, јавува порака.

18. Видливост на поле за вид на придонес во дефинирани ставки (* истиот нема ефект врз пресметката на платата *)

19. Автоматски го сетира checkbox-от за скратено раб. време во пресметка на плата, ако е соодветното сетирано во матични податоци.

20. Автоматски го сетира radio button-от на со/без данок во пресметка на плата, зависно од соодветното сетирање во матични податоци.

21. Автоматски да презема шифра за ослободување на данок во МПИН, од соодветното сетирање во матични податоци.

22. Автоматски презема датум и статус пријава/одјава во пресметка, ако за тековниот месец има датум во матични за пријава или за одјава. Ако има и пријава и одјава во истиот месец, се презема датумот и статусот од пријавата (одјавата ќе мора корисникот рачно да ја додаде во пресметката на платата).

23. Во матични податоци се појавува поле за внес на втор трансакциска сметка, и доколку истото е пополнето при генерирање на подготовка за МПИН се појавува прашање за избор на банка.

24. Доколку платата е обележана како авансна, не се преметуваат доплати независно од износот на минимална плата.

25. Износите од доплатите да се прикажуваат во динамички извештај.

26. Сортирање по азбучен ред на вработените во извештајот за нето плата со боледувања (од пресметка на плата).

27. Во извештајот за нето плата со боледувања, ако е селектирано ова сетирање, во колоната за ефектива во износот ќе бидат вкалкулирани и задршките.

28. Станува збор за износ кој би се искнижил то терк, а потекнува од персонален данок за кој има дефинирана шифра за ослободување, и типот во пресметката на плата е „без данок“.

29. Приказ на колона со матичен број на вработениот, во преглед на плати.

30. Оваа опција е препорачлива кога боледувањето е пресметано како просек од изминати месеци (во моментов важечката регулатива е 12 месеци), бидејќи во износот кој влегува во просекот веќе има пресметан минат труд.

31. Оваа опција е препорачлива за износите на дефинираните ставки да се пресметуваат како процент од основна плата без минат труд.

32. Ова не е засебно сетирање, туку само појаснување за начинот на внесување на фирмите во полињата кои се во централната колона објаснети со точката 2.

33. Патека на фолдер (root) за сите години и фирми. Ако не е пополнето, тогаш е „C:\MPPP-prijavi\_zonel\“.