Шифрарник на производи

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Системски сетирања > Шифрарници >

Шифрарник на производи

L14_Shifrarnici_ShifrarnikNaProizvodi

 

1.Број на видливи полиња за продажно цени на секој производ во шифрарник (максимум 9).

2.Видливост на полињата за странски назив, виртуелна количина, виртуелна цена и виртуелна единечна мерка на производ.

3.Дефинирање на параметри на баркод на производите.

4.Автоматското генерирање на редоследна шифра на производ да предлага прв слободен 4 цифрен број или прв слободен 5 цифрен (доколку е сетирано).

5.Избор на начин на поврзаност на 5-те нивоа на групирање на производите ( зависен - хиерархиска структура на групи и подгрупи до 5 нивоа во длабочина; или независен каде 5-те нивоа на групирање не се во никаква меѓусебна поврзаност).

6.Можност за доделување и приказ на слики на производите.

7.Дали сликата да се прикажува „растегната“ на максималната димензија која ја нуди просторот за истата.

8.Сликата да биде секогаш видлива во шифрарникот на производи.

9.Избор на дифолтно сортирање во прегледот на производите (по шифра, по име, по пом. шифра или по осн. шифра)

10.Дали избраниот начин на сортирање да биде и критериум за пребарување со локаторот (кои се повикува со SPACE)

11.Доколку ова е избрано, при креирање на нов артикал истиот се запишува во сите фирми во базата, во тековната година.

12.Ако е исклучено, се испраќаат баркодови преку XML експорт-импорт (Шифрарник на прозиводи)

13.Да не се прикажуваат производите за кои нема присутна количина, во шифрарник на производи и шифрарник со каталошки броеви (форма изработена наменски за комитент)

14.Забрана за промена на шифра на веќе креиран производ.

15.Ако се избере магацин, во шифрарникот на производи ќе се појави колона со присутна количина (од избраниот магацин).

16.Кога ова е сетирано, локаторот пребарува производи кои било каде во името/шифрата го содржат внесениот текст, во спротивно пребарува само ако името односно шифрата започнуваат со внесениот текст.

17.Кога ова е сетирано, производот на кој е позициониран курсорот при пребарување со локатор во исто време е и избран производ, а во спротивно треба прво да се избере пред да се ефектуира било каква команда.

18.Избор на видливи колони во прегледот на производи во шифрарникот.

19.Дифолтна должина на име (назив) на производ.