Зонел Софтвер целосно ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.

Во изминатиов период се имплементирани неколку Законски промени:

Законска 64: Нови шифри за МПИН за ослободување од придонеси 05.2015 г

Со оваа измена во Пресметка на плата се воведени новите шифри за МПИН за следниве категории на нововработени лица: невработено лице до 35 години возраст, невработено лице на возраст од 35 до 50 години, невработено лице на возраст над 50 години, невработено лице на возраст над 58 години, невработено лице со социјален ризик

Законска 63: Максимална Основица за Придонеси – 12 Просечни Бруто Плати од 03.2015 г.

Со оваа измена е имплементирана Законската измена за највисока основица за пресметка и уплата на придонеси согласно измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 25.03.2015 година, а се применува почнувајќи со пресметките за месец март 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:

  • Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;
  • Износот од дванаесет просечни плати за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;
  • Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.

 

За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк: Законски верзии

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.