HELIX! УБЕДЛИВО НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ, кој Не само што го штеди Вашето време туку максимално ја зголемува Вашата ефективност, прегледност, прецизност и педантност. Тоа пак значи дека од Вашиот компјутер добивате најмалку уште еден вработен повеќе кој е бескрајно вреден, коректен, послушен и брз, а истовремено на располагање во секое време: празници, викенди, 24h на ден а за својата работа не бара никаков надомест. Во секое време ажурни и потполно усогласените обрасци со постоечките законски прописи (Сл. Весник) и задоволните контроли од страна на законски надлежните институции.
На кој начин HELIX-K стана лидер во областа на книговодствените програми?
Не постои само една негова особина виновна за тоа што е омилен кај книговодителите.
Едноставно користење:
Еден од најважните моменти за секој програм е едноставноста на неговото користење. Досега можеби сте се соочувале со комплициран, заморен и монотон програм или едноставно сакате програм кој на едноставен начин и сам ќе Ве води низ неговото користење со објаснување и пораки на секој екрански панел. Работата со него е подеднакво едноставна и само преку тастатура (за корисници на постари ДОС програми) и со сите предности на WINDOWS-от за работа со глушец.
Поврзаност на податоците и автоматско финансово книжење:
За секој книговодител нема поголема благодет од поврзаност на податоците и автоматско финансово книжење на секој документ. За ова сведочат и најскептичните книговодители. Брзо и едноставно внесување на само основните неопходни износи и моментално ажурирање на сите материјални и финансови книжења. Само како пример:
Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата, ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини, трговските книги во магацините и продавницата, автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура и сите овие промени ќе ги искнижи автоматски во финансово со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови.
Контентен план:
На кои финансиски конта HELIX ќе ги изврши книжењата во главна книга и дали е тоа временски брза операција? Моментална. Контата ги задавате во облик на теркови со Ваши произволни вредности на едноставен начин за што постои специјално креиран водич. Понатаму се се одвива автоматски. Терковите во било кој момент можете да ги промените или дополните.
Еднонставно корегирање на документи и безбедност на податоците:
Корекцијата на секој вид документ е многу едноставна при што програмот повторно ги коригира сите автоматски ажурирања на материјалните и финансиски книжења. Крајно олеснување, нели?
Заборавете го губењето податоци, неочекувано бришење или било какви оштетувања на податоците дури и при работа во мрежа. HELIX е креиран на специјален начин за Вашите податоци да бидат максимално безбедни дури и при прекин на електрична енергија.
HELIX располага и со специјално дизајнирана сервисна конзола за автоматска детекција и корекција на сите кориснички грешки од погрешни или пропуштени датуми до потполна споредба на материјално и финансово во секој момент и генерирање на професионален извештај по документи кој може да се сними и отпечати.
Cloud Решенија
Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил
Поврзаност на податоците.
Автоматско книжење.
Лесно управување.
Комплетна поддршка.
Внимание на детали.
Зголемена конкурентност.
Намалени трошоци.
Точни податоци за правилни деловни одлуки.