Знаења и потребни вештини:
– Програмирање во Delphi
– Java програмирање (Web aplikacii, Android платформа, Jdevelopper)
– Web Services
– Работа со MS SQL Server бази на податоци
– Познавање на корпоративно работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати)
– Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија
– Пожелно: Работа со тастатура без гледање
Клучни задачи и одговорности:
– Самостојно и совесно извршување на секоја задача
– Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
– Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
– Способност за работа во тимска околина и одговорност при работа со поголеми проекти во екипа со повеќе учесници
– Редовна копија на изворниот код на наменски одредена локација
– ВСС – Информатичка насока
Пожелно е барем 2-3 годишно искуство во програмирање од следните области:
– Изработка на финансиски и ERP апликации
– Работа на поголеми проекти со MS SQL Server бази на податоци
– Работа на апликации со ажурирање на податоци преку интернет
Сите заинтересирани потребно е да го испратат своето CV на konkurs@zonel.com.mk
ЗОНЕЛ Софтвер
Програми за книговодствено, материјално и комерцијално работење
Ул. Васил Ѓоргов 34-1/3, Скопје
2401-204, 2402-274
е-маил: konkurs@zonel.com.mk
Web: www.zonel.com.mk