Детали за особините вградени во новата 4.10 верзија на HELIX-М пакетот:

Опис
Опфатено во пакет
Li
ght
Busi
ness
Profe
ssional
Материјално работење:
Материјална картица за одредена организациона единица;
Експорт на материјална картица во MS Excel формат;
Лагер листа за одредена организациона единица;
Екрански преглед и печатење на лагер листа со можност за менување на набавни износи СО и БЕЗ ддв;
Печатење на лагер листа со доплнителен опис за секој производ (упатство, некоја напомена за користење, …);
Избор на девизна валута и курс од претходно внесена листа за влезна – увозна калкулација;
Внесување на евидентен девизен курс на влезна денарска калкулација;
Внесување на евидентен девизен курс на излезна денарска калкулација (поради попрецизна евиденција на долгот на купувачите во случај на девалвација);
Можност за внесување на девизен курс при внес на наплата на излезна калкулација;
Масовно затворање на девизни курсни разлики од излезни документи;
Избор на девизна валута и курс од претходно внесена листа за излезна – извозна калкулација. Истиот курс се префрла и во главна книга при автоматски финансиско книжење;
Задавање на комитент носител во излезна фактура. Одлична можност за разграничување и детална евиденција во случај кога еден комитент има повеќе локации (маркети, магацини, …) и се фактурира на секој посебно;
Книга на фактури (F2) со можност за главен комитент (носител) или некој подкомитент;
Промет по производи (F6): промет за главен комитент (носител) или избран подкомитент;
Печатење сметкопотврда од излезна калкулација;
Внес на претпоставена набавна цена на излезен производ. Евиденција на промет по производи со реална и претпоставена набавна цена (се рефлектира и на различна маржа);
Содржина на излезна калкулација: информација за вкупен износ од претпоставена набавна цена;
Промет по производи (F6): преглед со реална или претпоставена набавна цена;
Избор на фиксна набавна цена во излезен производ. Се бира од соодветно расположиви количини и цени зависно од претходното работење на избраниот производ;
Услужна калкулација: поле за внесување на број на денови за валута;
Промет по производи (F6): количински и финансиски преглед по месеци;
Промет по производи (F6): печатење на преглед по просечна продажна цена;
Малопродажба:
Масовно доделување на продажни цени од шифрарник на производи на сите производи од избраната калкулација (првата продажна цена);
Посебна привилегија за секој корисник за видливост на набавна цена и маржа во сите екрански и печатени прегледи (само за SS опција);
Консигнациона лагер листа од малопродажба;
Бришење на работењето (сите документи) од избрана продавница;
Шифрарници:
Производи: печатење комерцијална пресметка;
Селектирање производи кои имаат евентуелни грешки во описот поради внес со некоја неподржана кодна табела;
Комплетно печатење на нормативи за финалните производи;
Внес на царинска стапка за секој производ;
Комитенти: Комплетен експорт во MS Excel формат;
Селектирање на шифрарник на комитенти од шифра до шифра;
Филтер на комитенти и преглед за одреден регион или град;
Шифрарник на странски валути и курсна листа;
Општо:
Екрански внес и печатење на налог ПП10. Запазени се и предлог податоците од избраната фирма, како и повикување на претходно дефинирани текстови во стилот на ПП30 и ПП50;
Експорт на преглед на фирми со сите податоци во MS Excel формат;

 

Бесплатни дополнувања
– Посебно дополнително поле за број на факс за секоја фирма (од преглед на фирми) сместено под поето за телефон;
– Повеќе подобрувања на печатени обрасци, поставени меморандуми;
– Дополнително поле за број на документ (покрај калкулациски) на ПЛТ образецот;
– Шифрарник на производи: проширен е делот за филтрирање, со посебен филтер за репро материјали, финални (готови) производи и трговка стока;
– …

 

Екстра понуда
  • Потполно автоматски remote синхронизиран режим на работа на повеќе објекти (магацини и книговодство) во оддалечени градови и моментално следење на документи од еден (или повеќе) мониторинг центри;
  • SS (System Security) Заштитен сигурносен систем за работа во мрежа со неограничен број корисници со сопствена лозинка и запис за сите промени и бришења на податоци од материјално и финансово работење (опис на податокот, датум и време на промена/бришење и корисник). Ограничување и задавање на разни привилегии за внес, менување и бришење на податоци и документи;
  • Комплетна опција за евиденција на транспорт (товарен и патнички) и сервисни услуги, со автоматско книжење и детална пресметка на трошоци по возила, возачи, дадени аванси, … ;
  • Комплетна верзија на HELIX со двојазична подршка (на македонски и англиски јазик);
  • Опција за внес на сериски броеви за секој производ, како и материјална картица и лагер листа по сериски броеви. Исто важи и за консигнација, рокови на траење;
  • Пренос на податоци (одбрани документи и сифрарници) во формат погоден за праќање преку е-маил или flash меморија меѓу независни бази (од магацин во книговодство или задолжување на магацини или продавници, …);

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.