Детали за особините вградени во новата 5.30 верзија на HELIX пакетот:
Плата |
– Можност за импорт на пресметки на плата од урнек од Ексел, според дефиниран урнек во ексел документ – Можност за филтрирање на пресметките за плата, според внесен дел од назив на вработените – Можност за дефинирање на емаил, и лозинка кај матичните податоци за вработените, кои ќе се искористат за испраќање на пресметковно ливче по електронски пат – Можност за импорт на матични податоци од урнек од Ексел, според дефиниран урнек во ексел документ – Можност за Копирање на дефинирани ставки во друга фирма |
Договори за дело |
– При правење на пресметки, можност да се дефинира статус – по кој основ е правена исплатата, кој што статус се превзема во ПДД-ГИ, автоматски, со опцијата за превземање – На преглед на пресметки за договори за дело, можност да се филтрираат пресметките во кои се наоѓа одбрано лице – Ново печатење на пресметка по лице |
Финансово работење |
– Можност за префрлање на ставки од еден налог, во друг финансов налог – Можност за копирање на ставки од еден налог, во друг финансов налог |
Комерцијално работење |
– Можност за филтрирање на комитенти со внес на регион, при повик на комитент во Материјално работење, како и Малопродажба – При повик на преглед по налози, нова можност да се одбере за Сите , или Ненаплатени документи да се прикажуваат – При повик на Промет по производи, од Материјално работење, Излез, нова опција за Издадени производи по магацини |
Материјално |
Излез: – При режим на работа Стамбено работење, можност за масовно креирање на документи – фактури за Комитенти – Станарите од соодветна зграда – Ново печатење за Комерцијален документ за храна од животинско потекло |
Малопродажба |
– Можност за внес на генерален рабат на калкулациско ниво – Ново печатење со баркодови на артикли |
Работа во каса |
– Во делот од опциите во Прегледи, Анализа има нова можност за одбирање за која продавница ќе се анализира прометот |
Шифрарници |
Комитенти: – Можност за внес на податоци за квадратура на стан, под услов да работат со режим на работа Стамбено работење – Можност за дефинирање на комитентот за Авансно плаќање – Да или Не Магацини – Можност за внес на податоци кај магацините – кога се работи со режим на работа Стамбено работење магацините се згради, и таму се внесуваат неопходни податоци за зградите – Можност за внес на ценовник за магацин, со што при излез од тој магацин , се дава предлог цена според одбраниот ценовник за магацинот Продавници – Можност за внес на ценовник за продавница, со што при излез од таа продавница , се дава предлог цена според одбраниот ценовник за продавницата Услуги – За режим на работа Станбено работење, можност кај услугите да се дефинира за една услуга дали се наплатува по метри квадратни, или по стан |
Cloud Решенија
Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил
Поврзаност на податоците.
Автоматско книжење.
Лесно управување.
Комплетна поддршка.
Внимание на детали.
Зголемена конкурентност.
Намалени трошоци.
Точни податоци за правилни деловни одлуки.