Детали за особините вградени во новата 6.40 верзија на HELIX пакетот:

Финансово работење
  • При книжење во финансов налог за конта 1200 и 2200, доколку се проба  да се книже фактура која е претходно книжена, полето Содржина  поцрвенува (Што  претставува сигнал дека истата фактура е претходно книжена)
  • Направено можност за поврзување на повратници (или сторно документи) со фактури и тоа на ниво на ставка. Оваа врска влијае на  сите релевантните извештаи – ИОС, ИОС за сите комитенти, прегледите за доспеани документи и документи пред доспевање.
  • Во финансово – налози – ставка на книжење, при книжење на конта кои во себе ги содржат синтетиките 120, 121,220, 221 кога ќе се внесат податоци во полето по документ/калкулациски број, истото поцрвенува и се јавува порака за предупредување.
  • Додадени се ново поле за чекирање  и поле за внес на број за Исправка на ДДВ-04. При печатење доколку е штиклиран чек боксот и има внесено број за исправка ке се печати бројот и полето за исправка ке биде обележано.
  • Адаптација на поврзувањето на одобренијата со финансово:  Поврзување на ниво на ставка кај излезни калкулации и одобренија, Корекција на износот за наплата во излезни калкулации со одземање на износот од одобренија поврзани со калкулацијата
Плата
  • Направен нов извештај од плата кој  ги содржи датумите на пријава и одјава на вработените.
  • Нов метод за пресметка на боледување без саатнини од минати месеци туку само со просек од бруто основици
  • Во плата, опцијата “Пресметка за сите” да пресметува минат труд, согласно стажот од матични податоци.
  • При подготовка на плата за МПИН, тџт фајлот кој се креира да зависи (меѓу другото) и од опцијата со која се повикува, и соодветно да додава суфикс, и тоа:
    – Редовна (бруто) — без суфикс
    – Дел од плата (Аванс) — суфикс “_а”
    – Дел од плата (Конечна) — суфикс “_к”
    – Дополнителна работа — суфикс “_д”
  • Во плата -> во избор на месец -> Специјални опции -> Ажурирање на скратено работно време од матични податоци, при кликање на оваа опција, се превземаат податоци за скратено работно време за сите вработени за селектираниот месец од матични податоци на вработените
  • При превземање вработени во ПДД-ГИ, да има можност за избор на Организациона единица
  • Воведена опција префиксот МК пред даночниот број во Фирми/избор на фирма/промена, да не се влече при креирање на хмл фајлови:
    – ПДД-ГИ -> Е-ТАX
    – ПДД-ГИ/ОЗП -> Е-ТАХ
Основни средства
  • Работењето со баркодови е прилагодено за да може да се внесуваат и букви и бројки како баркод ознака за основно средство
  • Направена е опција за пресметка по втора амортизациона група (амортизациона група 2, набавна вредност, отпис од минати години)
Шифрарници
Градови

  • Во шифрарникот за градови додадено е можност да се избере држава на која припаѓа одреден град
Материјално
Излез

  • Додадена опција за масовна наплата во материјално со подкомитенти за одреден коминтент.
  • Направена можност во материјално излез во гридот да се прикажува кој корисник го има креирано излезниот документ
  • За Транспортни претпријатија при креирање на излезен документ, во табот за дополнителни информации, додадена е можност за избор на приколка, како и можност за избор на дестинација (почетна и крајна дестинација).
  • За транспортни претпријатија е овозможено интегрирање на податоци почетна и крајна дестинација на транспорт, и податоците за влекач и приколка на фактура

Излез-Влез

  • Направена е можност при избор на комитент во калкулација од материјално влез или излез во гридот да се прикажуваат колоните за доночен број и број на жиро сметка

Производство

  • Воведена опција за производство по турнуси (производствени сезони). Овозможува следење на производство по одреден турнус или земјоделска парцела за одреден временски период.

Одобренија

  • Во Материјално –> Одобренија при повикување на опцијата за Автоматско генерирање на одобренија за одбрани фактури се  пополнува полето за врска со фактурите.
Малопродажбa
Калкулации

  • Додадена нова опција Корекција за наплатено во малопродажба
  • Поставен е нов чек бокс во панелот за Префикс Повратници, доколку овој чек бокс е чекиран ги зема во предвид и калкулациите од тип повратници

Каса

  • Во каса – ресторанско  во новиот модул за touch екрани се овозможи наплата на маса по втора тарифа од Шифрарник на производи – како храна за носење / кетеринг.
  • Забрана во каса да може да се смени продажната цена на услугата
  • Додадена можност при избор на производ во каса, да постои поле во кое ќе се прикажува присутната количина на производот на останатите локации(магацини)
Системски опции
Сетирање

  • Ново поле во системските сетирања за дифолтно конто за побарувања од купувачи од земјата (синтетика 120). Ако истото не е дефинирано, системски дифолтно останува да биде 1200.
  • Направено е ново сетирање во Систем-Сетирања во делот на финансово – Аналитичка картица. Корисникот внесува од која година да се прикажуваат податоци во Финансово-Аналитика. Ако е празно тоа значи тековна година. Почетниот датум останува секогаш 01/01 (само годината може да се смени).
  • Направено е ново сетирање во Плата> Пресметка на минат труд без часови на боледување. Кога е вклучено ова сетирање, часовите на боледување не се земаат во предвид за пресметката на минатиот труд
  • Во сетирања кај Материјално-Излез воведено поле за корисник кое кога е чекирано овозмоѓува да се пиркажува опцијата кој корисник ја крирал одредена калкулација во материјално-излез.

Корисници   

  • Додадена е нова привилегија во Систем-> Корисници -> КАСА -> Забрана за промена на цена на услуги.
Модул за станбени управители
  • Воведена можност со Штиклирање на опција за да се овозможи  ИОС за селектирани коминтенти без колона за име и презиме и денови доцнење.
  • Додаено е за станбени управители наменска опција Масовно печатење и испраќање по маил на фактури без приказ
Пренос на податоци
  • При пренос на податоци (импорт/експорт) се овозможи пренос на наплати за сите калкулации (материјално влез, услуги, малопродажба).

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.