<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Аконтативна ДДВ пријава > Книги на влезен и излезен ДДВ |
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:
-Повикување и примена на Книга на влезен ДДВ (со примери)
-Повикување и примена на Книга на излезен ДДВ (со примери)
Книгите за влезен и излезен ДДВ служат за проверка и анализа на податоците за ДДВ кои се претходно внесени со финансиско евидентирање во налозите на влезни и излезни фактури.
Истите се наоѓаат на следната патека: Финансовоа Налозиа Книги
- Со избор на Книга на влезен ДДВ се јавува следниот прозорец за внес на податоци:
1.Се пополнуваат контата на кои се евидентираат книжењата за влезен ддв во финансовите налози и тоа за 5% и за 18%
2.Се избира периодот за кој се повикува книгата за евиденција на влезен ДДВ, а при тоа постои можност и истата да се ограничи за книжењата само за одреден комитент. Доколку ова поле остане празно, евиденцијата ќе се однесува за сите комитенти.
3.Исто така, постои можност за ограничување на евиденцијата која се повикува по префикс на налог (со што се ограничува приказот на податоци само за определени налози), во спротивно доколку полето “Префикс на налог” не се пополни, останува активна дифолтно избраната опција за евиденција “Сите налози” и со избор на копчето Во ред Ф9 го добиваме следниот извештај:
4. Постои можност ваквиот извештај да биде експортиран во Excel.
5. Со избор на опцијата “Печатење со основица” постои можност за избор на следниот тип на извештај:
-Книга на излезен ДДВ
Книгата на излезен ДДВ функционира идентично како и книгата на влезен ДДВ, ги има истите опции, функционалности и извештаи. Единствено се разликуваат контата кои се внесуваат во полињата ДДВ 5% и ДДВ 18%, односно неопходно е да се внесат соодветните конта на кои се книжи евиденцијата на излезниот ДДВ (од синтетика 230), како на пример: