<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Аконтативна ДДВ пријава |
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:
- Сетирање на конта за приказ во аконтативната ДДВ пријава
- Повикување и автоматско пополнување на аконтативна ДДВ пријава
- Печатење на даночна пријава
- Креирање XML фајл
- Автоматско пополнување на податоци за составувачот и одговорното лице
Како дел од финансовото работење во програмот е и автоматската Аконтативна ДДВ. Како што знаеме, даночен обврзник е лице кое трајно или повремено врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност, и кој во текот на изминатата година остварил вкупен промет над 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот од 2.000.000 денари или во текот на годината нивниот остварен промет го надмине износот од 2.000.000 денари обврзан е за регистрација за целите за ДДВ. Така, за оваа обврска кон државните институции да може што е можно поедноставно да се изврши, програмот HELIX нуди нејзина автоматска пресметка, како и едноставна можност за проверка и контрола на точноста на податоците во истата со пополнувањето на книгите за влезен и излезен ДДВ (автоматски).
Автоматиката за пополнување на ДДВ пријавата во програмот функционира по поставување на претходните поставувања во контниот план за соодветните конта и со избор на позиција во ДДВ пријавата како и страна на книжењето ДОЛЖИ или ПОБАРУВА од која е потребно да се превземаат и запишуваат книжените износи за ДДВ по претходното финансиско евидентирање на влезните и излезните фактури (денарски и девизни).
Поставувањата кои се неопходни за автоматско пополнување на Аконтативната ДДВ пријава се наоѓаат на следната патека и се претставени на сликата подолу:
Шифрарници а Контен план а Избор на контото кое е потребно да се сетира за автоматско пополнување на ДДВ пријавата а Промена
По избор на Финансово а Аконтативна ДДВ пријава се отвара следниот прозор за кој подолу ќе биде објаснета функционалноста:
1.Се пополнува периодот за кој се однесува ДДВ пријавата. Со овој период исто така се ограничува и периодот од кој ќе се превземаат книжењата на контата во финансовите налози за автоматското пополнување.
2.Следниот чекор за автоматското пополнување на ДДВ пријавата е Подготовка.
3.Со избор на копчето Прикажи се пополнуваат полињата во ДДВ пријавата (согласно претходно поставените во контниот план).
4.Со изор на ова копче се повикува можноста за формирање на xml. фајл.
4. По пополнувањето на првата страна од ДДВ пријавата со избор на табот Втора страна се отвара нов прозор за додавање на фајлови кои е потребно да се прикажат на втората страна од ДДВ пријавата:
Вака пополнетата пријава има можност да се испечати или зачува во PDF формат на образец кој претходно е пропишан од страна на УЈП на Р. Македонија или да се зачува како XML фајл и да се прикачи електронски на страната на УЈП.
*Печатење на пријавата:
По повикување на ДДВ пријава за печатење најпрво се отвара овој прозорец во кој автоматски или рачно се пополнуваат податоците за составувачот и податоците за потписникот на ДДВ пријавата, по потврда на копчето Во ред Ф9 се појавува образецот ДДВ-04:
Додека пак, креирањето на ХМЛ фајл за електронско поднесување на ДДВ пријавата е на следното копче:
** Автоматското пополнување на составувачот и потписникот на ДДВ пријавата всушност влече податоци кои се пополнуваат во Фирмиа Избор на фирмаа Промена а Податоци за плата
По поставувањето на точните податоци за составувач и потписник на ДДВ Пријавата потребно е во системските поставувања на програмот да се постави автоматското ажурирање на истите при изготвување на пријавата. За ова, неопходно е да се направи следниот чекор на патеката: Систем а Сетирања а Финансово а ДДВ пријава
Со вака поставените сетирања, податоците за составувачот и потписникот на пријавата се пополнуваат автоматски. Истото е прикажано на следните две слики: