Аналитичка картица

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Аналитика >

Аналитичка картица

Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде опфатено:

 

-Аналитичка картица за конто кое не е аналитичко по комитент

-Аналитичка картица за конто кое е аналитичко по комитент

-Спецификација

-Девизна спецификација

-Денарско-девизна картица

-Девизна картица

 

1. Аналитичка картица за конто кое не е аналитичко по комитент:

 

kartica_konto1

 

kartica_konto-A

 

1.1 во ова поле се прикажува контот и неговиот назив кои сме ги повикале за преглед на аналитика. Веднаш под него се податоците за контото, т.е. аналитиката на истото, конкретно со податоците за број на налог за секое од конкретните книжења, датум на налог и датум на книжење, содржината на книжењето, износот, коминтентот, забелешка (доколку е внесена и слично. Во овој приказ се гледаат сите книжења за ова конто во секој од финансовите налози за периодот за кој е повикана аналитичката картица.

1.2 Можноста за сортирање нуди опција за избор за сортирање по документ, како попрегледно би биле распоредени податоците во аналитичката картица.

1.3 Во менито Печатење постои можност за избор на “Печатење со забелешка”, односно при печатење на картицата да се појавува и полето со внесената забелешка при книжење на контото во финансовиот налог.

1.4 Менито Во Excel ја нуди истата можност како и иконата од Excel која се наоѓа подолу на екранот и нудат можност за експорт во Excel на податоците од аналитичката картица која е повикана.

1.5 Од Специјални опции може да се избере можноста за Разложување на книжењата. Оваа опција има огромна примена во финансовата евиденција на наплатите и плаќањата, особено во случај кога се евидентираат наплати пред фактурирање или наплатата по извод е евидентирана во “заокружен износ” (на пример евидентиран прилив од 50.000 ден. со кој се плаќаат 3 фактури комплетно и остатокот се однесува на дел од четвртата фактура која купувачот ја должел) или пак се евидентира плаќање на средствата за кое не е наведено кои фактури се подмируваат. Со избор на опцијата за Разложување на наплата се отвара следниот прозор:

 

razlozuvanjeKnizenja

 

Во овој прозорец, од левата страна нај горе, со црвени букви е обележан текстот со објаснувањето како се користи оваа опција и истото подолу е применето, односно,
обележани се со * оние фактури за кои би сакале да евидентираме наплата, а најдолу е селектирана наплатата, чиј износ е всушност збир од наплатите за кои не е внесена содржина при книжењата во финансов налог (обележани на десната страна од екранот).

Оваа опција може да се користи и кај конта кои не се аналитички по комитент.

 

1.6 Во полињата салдо должи и салдо побарува е прикажан вкупниот износ на страните ДОЛЖИ и ПОБАРУВА за книжењата на избраното конто.

1.7 Печатење (F2) со избран чек за Preview најпрво ќе ја прикаже картицата на преглед на екран во следниот формат со сите податоци за истата:

 

Screenshot_20-A

 

Доколку опцијата Preview не е избрана, тогаш картицата дирктно ќе биде испечатена на принтерот поставен како стандарден.

 

1.8 Копчињата Следна ОЕ и Претходна ОЕ овозможуваат листање на аналитичката картица за избраното конто по различните организациони единици (доколку книжењата во финансовиот налог се со внесена организациона единица).

1.9 Копчињата за следен и претходен комитент имаат примена само доколку избраното конто е аналитичко по комитент, така што овие копчиња овозможуваат листање на картиците за контото по различни комитенти. Додека пак копчето Графикон, нуди можност книжењето на контата да ги прикаже графички. На пример:

 

grafikon

 

1.10 Копчето за излез служи за исклучување т.е. излез од избраната аналитичка картица.

 

2. Аналитичка картица на конто аналитичко по комитент

Доколку повикаме аналитичка картица за конто кое е аналитичко по комитент, на приказ ќе го добиеме следниот прозорец со можностите:

 

analitickoKonto

Screenshot_21-A

 

На оваа слика се прикажува прозорот во кој имаме можност да избереме за кој комитент конкретно ни е потребен извештај, т.е. аналитика на финансовите книжења. Меѓу другото, од овој прозорец имаме можност за избор на Спецификација на книжењето на контото кое се повикува, девизна спецификација (доколку истото е девизно конто) како и други финансови извештаи кои подоцна ќе бидат објаснети.

По избор на коминтентот, се отвара картицата на сите финансови записи за избранотот конто за овој коминтент:

 

Screenshot_22-A

 

Нај горе на екранот секогаш стои контото и коминтентот кој што е претходно избран, останатите податоци и можности се идентични како кај повикувањето на аналитичка картица за конто кое не е аналитичко по документ. Единствено, оваа аналитичка картица нуди можност со избор на копчето “Групно по изводи” да се изврши преглед на картицата во вкупни износи по секој налог (наместо деталниот кој што е прикажан на оваа слика, со запис за секоја ставка од налозите):

 

Screenshot_23-A

 

Копчето “Аналитички” на овој екран нуди можност за враќање на претходниот екран, каде извештајот ја содржи секоја ставка од финансовите книжења за конкретното конто за избраниот комитент.

 

3. Спецификација

Спецификација на конто кое е аналитичко по комитент, можеме да повикаме на следниот начин:

 

specifikacija

spec2

 

По избор на копчето Спецификација (F3) секогаш се  јавува прозор со порака дали спецификацијата да биде по доспеан долг ДА или НЕ.

 

spec.3

 

По соодветниот избор на екран добиваме приказ со салдата за оние комитенти за кои има книжења на избраното аналитичко конто. Додека пак, со избор на копчето Печатење спецификација, го добиваме следниот извештај:

 

spec4

spec5

 

4. Девизна спецификација

Девизната спецификација можеме да кажеме дека е речиси идентичен извештај како и Спецификацијата, со таа разлика што девизна спецификација можеме да повикаме само за оние конта кои во контниот план се поставени како задолжителни девизни конта кои се аналитички по комитент (на кои најчесто се книжат увозите и извозите на контата 2210, 2211, 1210, 1211 и сл.).

Се повикува на следниот начин:

 

dev.spec

dev.spec1_edited

dev.spec2_edited

dev.spec3_edited

 

5. Денарско-девизна картица

Денарско-девизна картица за конто можеме да повикаме за оние конта за кои имаме девизни книжења. Постапката е следна:

 

den-dev

den-dev1

 

По изборот на комитент, на екран гледаме податоци како и кај стандардната картица за конто, резултатите за девизно-денарскиот извештај можеме да ги погледнеме со повикување на копчето за Печатење:

 

den.dev2_edited

den-dev3

 

Постапката е слична како и аналитичката картица за комитент, со тоа што на овој извештај добиваме податок за салдото кое се должи или подарува од коминтентот и во денари и во девизи.

 

6. Девизна картица

Кога има потреба од преглед на книжењата на девизно конто, но исклучиво со девизни износи, постои можност од програмот да се избере извештај за девизна картица на конто, на следниот начин:

 

devizna

 

По избор на копчето Девизна (Ф5) неопходно е да се избере коминтентот за кој ни е потребна девизната картица, по што на преглед можеме да ја видиме истата. На копчето за печатење, девизната картица се повикува во pdf формат или може да се пушти дирекно на печатење. Копчето за Excel овозможува експорт во Excel на картицата. Ова е прикажано на сликите подолу.

 

devizna1_edited

deviznaK-A

devizna3_edited