<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Аналитика > ИОС |
ИОС или Извод на отворени ставки претставува извештај кој ги содржи сите не затворени фактури на коминтентот, плаќањата по истите и доспеаните обврски. ИОС-от е многу значајна алатка во работењето со купувачите. Исто така ИОС е еден од најкористените извештаи за усогласување на салда меѓу соработниците и потсетувањата за неподмирени долгови до клиентите.
Во програмот HELIX има можност за приказ на следните типови на ИОС:
-ИОС
-Девизен ИОС
-ИОС на доспеани фактури во одреден период
-ИОС за сите комитенти
-Девизен ИОС за сите комитенти
ИОС
Овој извештај во програмот HELIX може да се повика на следната патека:
Финансово а Аналитика
Со овие неколку чекори се отвара прозор на чиј приказ се токму извештајот на отворени ставки во гридот и некои дополнителни филтри и можности:
Во гридот кој се гледа на екранот се прикажани фактурите за кои коминтентот кој го повикуваме ни должи. На прегледот може да се видат податоците за содржина на фактурата (како би знаеле за која фактура точно се однесува долгот), вкупниот износ на таа фактура, износот кој е наплатен по фактурата (доколку има, во спротивно стои 0), салдото кое останува ненаплатено, датумот на фактура, датум на валута и слично.
1.Во менито специјални опции се наоѓа можноста за преглед и печатење на ИОС за сложување и ИОС вкупно салдо и тоа согласно пропишаниот урнек.
-ИОС за сложување претставува извод на отворени ставки во чија содржина се состои секоја од ненаплатените фактури на коминтентот, вклучувајќи ги и евентуалните наплати по дел од обврските и вкупниот износ на долгот. При повикување на ИОС за сложување најпрво се јавува прозорот во кој е потребно да се внесе датумот на кој се печати овој извештај (датум на евиденција) и датумот на враќање на еден од примероците на ИОС-от од страна на комитентот со негова потврда или забелешка во врска со евиденцијата. Во овој прозор исто така постои можност за масовно печатење на ИОС за сите коминтенти без истите поединечно да бидат повикани и тоа замо со чекирање на оваа опција и избор на копчето Во ред (Ф9).
По внесот на соодветните податоци на екран се јавува урнекот за Извод на отворени ставки за сложување:
-ИОС вкупно салдо претставува извод на отворени ставки во чија содржина се состои само вкупното салдо по кое коминтентот е задолжен. При повикување на ИОС вкупно салдо, исто како и кај ИОС за сложување, најпрво се јавува прозорот во кој е потребно да се внесе датумот на кој се печати овој извештај (датум на евиденција) и датумот на враќање на еден од примероците на ИОС-от од страна на коминтентот со негова потврда или забелешка во врска со евиденцијата. Во овој прозор исто така постои можност за масовно печатење на ИОС за сите комитенти без истите поединечно да бидат повикани и тоа само со чекирање на оваа опција и избор на копчето Во ред (Ф9). По внесот на соодветните податоци на екран се јавува урнекот за Извод на отворени ставки за сложување:
2. Менито МсОффице опции нуди можност за експорт во Excel на податоците за ИОС кои се прикажани на гридот:
3. Филтер(Ф12) нуди можност за филтрирање на податоците во ИОС-от итоа по: датум, валута, наплатени и доспеани. Ваквите филтри може да се постават на следниот прозорец кој се јавува по избор на ова копче:
4. Копчето Вирман овозможува автоматско пополнување на вирман со соодветните податоци на фирмата на коминтентот како и оние на сопствената фирма, со соодветен износ и содржина на фактурата која во прегледот се гледа дека е ненаплатена. Ова овозможува лесен и едноставен начин на плаќање на фактурите, меѓутоа оваа опција можеме да кажеме дека се помалку се користи со оглед на можностите кои сега го нуди електронското банкарство и останатите можности за електронско плаќање на фактурите.
5. Копчето префрли во камати нуди можност за позиционираната фактура да се пресмета камата во модулот Камати. За користење на оваа опција мора да се поседува модулот Камати од програмот, а нејзината примена и начин на користење подетално ќе биде објаснат во упатството за корисничка примена на програмот за модул Камати.
6. Опцијата Печати ИОС со избор на ова копче, нуди можност за печатење на следниот урнек за ИОС:
7. Копчето Промени содржина (Ф6) овозможува промена на содржината внесена за секоја фактура при нејзин избор доколку истото е потребно.
8. 9. 10. 11. и 12. Овие копчиња нудат можност за подредување на податоци во ИОС согласно називот на секое од копчињата.
13. Полето Вкупно прикажува податоци за вкупниот износ на страна Должи, Вкупниот износ на страната Побарува на ИОС-от како и вкупното преостанато салдо.
14. Копчето Излез овозможува исклучување на овој прозор од аналитиката.
ДЕВИЗЕН ИОС
Девизен ИОС може да се повика само за оние конта кои се аналитички по комитент и за кои се евидентирани книжења во финансов налог во девизен износ (пр. За контата 1210 и 2210) .Девизен ИОС може да се повика на следниот начин:
На овој прозор се прикажани отворените ставки за избраниот комитент и тоа во девизни износи.
ИОС на доспеани фактури во одреден период
ИОС на доспеани фактури за определен период е извештај кој овозможува преглед на извод на отворени ставки за период кои сами однапред го одредуваме, бирајќи ја следната опција во Финансовоа Аналитика на конто (пр.1200)
ИОС за сите комитенти
Во програмот постои можност да се повика Извод на отворени ставки за сите комитенти заедно. Оваа опција се наоѓа во менито Специјални опции:
Со избор на опцијата ИОС за сите комитенти се отвара овој прозорец во кој има можност да се постават соодветни филтри и услови за приказ на извештајот. Овој филтер нуди можност за ограничување на изводот на отворени ставки според датумот на книжење или датумот на документот, период во кој се издадени и наплатени или ненаплатени фактурите кон комитентите, според валутата на доспевање, датумот на плаќање, ограничување по организациони единици и сл. Ваквата можност за поставување на филтер по различни основи овозможува приказ на Изводот на отворени ставки да биде прецизен согласно критериумите и принципите на работење на различни фирми, кои прилагодувајќи го извештајот според истите, ќе се овозможи подобар преглед за акцијата за наплата на долгови со секоја од фирмите.
По поставените критериуми и нивно потврдување, постои можност за избор на извештајот за сите комитенти или само за оние кои се претходно селектирани. По што го добиваме следниот приказ на Извод на отворени ставки за комитенти:
Девизен ИОС за сите комитенти
Девизниот ИОС на отворени ставки е речиси идентичен извештај како Изводот на отворени ставки за сите коминтенти, со таа разлика што овој извештај се повикува за оние комитeнти за кои се евидентирани книжења на конта кои се аналитички по комитент со задолжителен девизен износ во финансовите налози.
Овој извештај исто така се повикува на следниот начин: