<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Бруто биланс |
Бруто билансот претставува табеларен преглед на прометот и состојбата на сите конта од главната книга во книговодството на една фирма во одреден ден или период. Во програмот HELIX Бруто Билансот е моќна алатка која овозможува преглед по различни критериуми на филтрирање, со цел приказ на што е можно поприлагодени податоци согласно потребите на корисникот.
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:
- Повикување на бруто биланс
- Опциите и поставувањата за повикување на Бруто билансот
- Експорт во Excel на Бруто биланс
Бруто билансот во програмот HELIX може да се повика на следната патека: Финансово а БРУТО БИЛАНС (РЕКАПИТУЛАР)
По изборот на бруто биланс, се отвара прозор во кој ги задаваме критериумите по кои се повикува бруто билансот:
1.Ограничување на периодот за кој е потребно да се повика овој извештај.
2.Можност за повикување на бруто билансот ограничен за определени конта или група на конта.
3.Можност за ограничување на повикување на бруто билансот само за определена организациона единица (доколку фирма функционира со менаџирање на работењето по посебни организациони единици), доколку ова поле остане празно, бруто билансот ќе прикаже податоци за целокупното финансово работење на фирмата, т.е по сите организациони единици.
4.Полињата за ограничување по определена продавница или магацин, овозможува приказ на бруто билансот само за финансовата состојба на контата на кои се евидентира работењето на конкретната продавница/магацин.
5.Доколку во полето Комитент се избере конкретен комитент од шифрарникот на комитенти, бруто билансот кој ќе биде повикан ќе ја прикаже состојбата на контата кои се поврзани со финансовата евиденција на финансиските ситуации за тој конкретен комитент.
6.Полето За фирма, овозможува избор на бруто биланс за конкретната фирма или за сите фирми отворени во програмот во периодот кој е опфатен во полето за ограничениот период за кој се повикува овој извештај доколку истото е потребно. Стандардно во ова поле секогаш е избрана опцијата “Тековна фирма”.
7.Повикувањето на Бруто билансот нуди можност за повикување на истиот согласно датумот на налог, датумот на документот или датумот на документот.
8. Месечниот преглед за контата 120 и 220, како и Месечниот извештај за 120 и 220 овозможуваат кратки и брзи прегледи за финансиското движење на контата на кои се евидентираат побарувањата и обврските кон комитентите и тоа на месечно ниво, со издвоена евиденција за почетните салда и тоа по периодот кој е претходно определен.
9.Копчето Девизно Ф5 овозможува повикување на бруто биланс само за оние конта за кои е евидентирано книжење во девизи во финансовите налози.
По зададените критериуми за повикување на бруто билансот се отвара следниот преглед:
Прегледот на Бруто билансот кој се повикува по претходно поставените критериуми, може да се повика и само според: класи, групи, Синтетики, Синтетики (4) – четирицифрени, Синтетики (5), Аналитички и Вкупно. Истото е прикажано на сликите подолу како пример како изгледаат истите.
Секој од бруто билансите, без разлика со колку аналитики ќе се избере, има можност да се испечати на неколку различни урнеци, зависно од потребите на оној кој ќе ги прегледува истите.
Бруто билансот исто така има опција да се експортира во Excel, бирајќи ја следната опција: