<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Налози |
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:
- Избор на налози
- Отворање нов налог, промена и бришење на финансов налог
- Печатење на цели налози
- Печатење на извештај за преглед на трошоци
- Безбедност, Отклучување на еден налог, Заклучување на селектирани налози,
- Видливост или Невидливост на селектираниот налог
- Синтетики во налог
- Налози
Финансовите книжења се евидентираат во налози кои можат да бидат организирани согласно потребите на корисникот.
По избор на Налози, како на сликата, се појавува следниот прозор со основните копчиња за Нов, Промена и Бришење, како и за Книжењe во налог (Ф10) и Синтетики и копчињата за масовна и поединечна селекција и масовна деселекција на налози:
Копчињата Нов, Промена и Бришење се основни копчиња за креирање на нов налог, промена на податоците во налогот и можноста за бришење на налог.
Со избор на копчето Нов или Insert на тастатурата се појавува следниот прозор за пополнување на основните податоци од налогот:
Во Податоците за налогот се внесува:
-Редоследниот број на налогот (кој има можност за автоматско генерирање со избор на копчето Ф5 од тастатурата или рачно внесување со можност за користење на префикси),
-Во Датум на налогот најчесто се внесува оној датум до кој што ќе се книжат документите во истиот. На пример: доколку во еден налог се книжат излезните фактури од еден месец, во тој случај во датум на налог се внесува последниот ден од месецот.
-Полето Опис на налог служи за појаснување на што конкретно се однесуваат книжењата во тој налог.
-Полето за избор за Прекнижан или Непрекнижан налог ДА/НЕ се однесуваат на изборот на корисникот дали сака книжењата во тој налог да се рефлектираат врз состојбата на Бруто Билансот. Соизбор на Прекнижан ДА книжењата во налогот ќе се рефлектираат врз состојбата на Бруто Билансот, додека со избор на Непрекнижан НЕ книжењата во налогот нема да се рефлектираат врз Бруто Билансот (кога книжењата служат за одредени тест книжења, проверки и сл.). Стандардно при избор на Нов налог, секогаш налогот е селектиран како Прекнижан ДА.
-За зачувување на ново креираниот налог се клика на копчето Во ред (Ф9) или само на копчето Ф9 на тастатурата, при што истиот се запишува меѓу останатите налози:
Останатите опции кои се прикажуваат при преглед на финансови налози за книжење се следните:
1.Од Специјални опции имаме можност за избор на:
-Печатење на цели налози,
-Печатење на извештај за преглед на трошоци
Опцијата преглед на трошоци нуди можност за преглед на извештај од книжењата со ставки од класа 4 или класа 0 (со избор). Истиот извештај може да се ограничи за определен период и организациона единица, постои можноста за избор на извештај само на директен или индиректен трошок. Вака поставените критериуми за извештај за книжените трошоци, постои можност за експорт во Excel или со избор на Во ред(Ф9) за извештај во pdf формат
2. Книгите во финансово кои се однесуваат на Влез ДДВ и Излезен ДДВ ќе бидат подоцна објаснети
3. Во опцијата Безбедност се наоѓа можноста за Отклучување на еден налог, Заклучување на селектирани налози (користејќи ги опциите за Селекција: * (за поединечно селектирање или деселектирање), +(за масовно селектирање) или – (за масовно деселeктирање)) како и опциите Видливост или Невидливост на селектираниот налог.
4. Опцијата Синтетики (Ф8) нуди можност за преглед и печатење на книжењата на синтетички конта во селектираниот налог.