Книжење во налог

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење >

Книжење во налог

Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:

 

-Детална постапка за книжење во финансов налог

-Опции за масовно затварање на конто 1200, 2200 и 2210

-Аналитика на конто директно од налог

-Одобрение/задолжение од финансово

-Книжење на дневен пазар

-Масовно менување на датум

-Копирање на ставките од налог во друг нлог

-Импорт од Excel

-Импорт на банкарски извод

-Полиња за приказ на вкупно должи, вкупно побарува и салдо од налогот во денари и девизи

 

Копчето Книжење во налог (Ф10) нуди можност за пристап до содржината во налогот.

 

knizenjeF10  

 

По што се отвара следниот прозор за книжење во налог:

 

nalogKnizenje-A

 

Книжењето во налог нуди повеќе опции кои подетално ќе бидат објаснети.

 

nalog1.1-A

 

Основните копчиња и во содржината на налогот се: Нов, Промена и Бришење со кои се овозможува внес на нова ставка во налогот, промена на веќе внесена ставка во налог или бришење на постоечка ставка во налогот.

Со кликање на копчето Нов се јавува следниот прозор кој овозможува внесување на запис во финансовиот налог:

 

nalog2-A

 

Во овој прозорец постои можност за внес на:

-Конто за книжење, кое доколку во шифрарникот на контен план е поставено како аналитичко по коминтент, веднаш по внес на контото се отвара шифрарникот на комитенти за избор.

-Содржина. Во ова поле постои можност за поврзување (затварање) на калкулација од материјално со книжење на конкретното конто и тоа со копчето Ф2 или со избор на копчето Ф5 да се ископира содржината која претходно била  внесена по полињата Содржина, Извод број и датумот на книжење.

-Во полето Извод број се внесува бројот на изводот доколку се работи за финансиско евидентирање на банкарски извод.

-Веднаш под полето Извод број се полињата за внес на износот на книжење на страна Должи или побарува, кој може да биде внесен и во девизи за што по внес на Курсот и Валутата во соодветните полиња, девизните износи се запишуваат и во денарски износи или до внес на денарски износи и по внес на курс и валута износот се запишува во девизниот износ.

-Доколку книжењето се однесува само на една организациона единица, постои можност за евидентирање на истата во полето ОЕ, како извештаите по организациони единици подоцна би биле точни.

-Во десниот дел од овој прозорец е можноста за внес на почетно салдо на определено конто со избор на: Почетна состојба ДА, во спротивно, секогаш при внес на нова ставка ова поле е поставени како Почетна состојба НЕ.

-Во овој дел се наоѓа и опцијата за тип на Трошок Директен или Индиректен, од што подоцна може да се извади извештај по тип на трошоци на компанијата.

-Полето Забелешка/Опис служи за дообјаснување на даденото книжење.

-Полето Салдо во прозорот за внес на нова ставка во финансовиот налог прикажува за кој износ налогот  не е затворен и служи само за евиденција.

-Полето Р.бр. го прикажува редоследниот број на ставката која се внесува во дадениот налог.

-Со потврда на копчето Во ред (Ф9) се запишува ставката во налогот, додека со избор на копчето Излез внесените податоци нема да бидат запишани.

 

Копчето Промена служи за повторно повикување за корекција на веќе внесена ставка во финансовиот налог.

 

promenaNalog

 

По корекцијата на внесените податоци, истите се потврдуваат со избор на копчето Во ред (Ф9). Со што се евидентира запис со внесените корекции.

Со избор на копчето Бришење, се врши бришење на онаа ставка на која се позиционирани.

Во книжењето на финансовиот налог постои можност за масовно затварање на основните аналитички конта по комитент и тоа: 1200, 2200 и 2210.

 

masovnoZatvarawe-A

 

Со оваа опција на масовно затварање (по избор на соодветното конто), се нуди можност за врзување на фактурите со искниженото плаќање/наплата и тогаш кога на изводот не е наведено по која фактура се врши истото или пак, кога имаме плаќање на поголем износ и тоа по повеќе фактури наеднаш.

 

Масовното книжење на 1200 може да се користи на следниот начин:

1.Избор на фактури

 

zatvaranje-izbor

 

Со избор на масовно затварање на конто 1200 и избор на коминтентот од кој што е извршено плаќањето, се внесува износот на плаќањето, датумот на кој истото е извршено, како и бројот на изводот по кој се случила трансакцијата. Следниот чекор е начинот на кој ќе се избира затварањето на фактурите по кои клиентот плаќа. Стандардно секогаш е избрано затварање со Избор на фактури, на овој начин сами одлучуваме кои фактури ќе бидат евидентирани како наплатени и во колкав износ, тоа се одредува во новиот прозорец кој се отвара по избор на соодветната фактура.

 

2. Затварање по старост

 

zatvaranjeStarost

 

Со изборот на затварање на фактурите по старост, по внесувањето на сите  податоци како и во претходниот случај, со изборот на начинот на затварање на плаќањето и избор на копчето Во ред (Ф9) веднаш се евидентира затварањето на фактурите кои се наплаќаат и тоа почнувајќи од најстарата ненаплатена фактура. Се евидентираат наплата на онолку фактури за кои се евидентирани средства со плаќањето на изводот. Доколку се уплатени повеќе средства од обврски кон клиентот, програм остатокот на средствата по затварање на обврските евидентира авансна уплата и истата ја запишува во финансовиот налог како таква.

Оваа опција е многу често употребувана од страна на корисниците на програмот бидејќи нуди едноставно евидентирање на наплати особено кога се во прашање поголеми суми на средства во една уплата.

На истиот принцип функционираат и копчињата за масовно затварање на контата 2200 и 2210.

Копчето Аналитика (Ф3) овозможува преглед на контата од контниот план, конкретно финансиски преглед на контата без да има потреба да се прави излез од финансовиот налог во кој што се книжи.

 

analitika

 

Копчето Печатење табеларно нуди можност за печатење и/или зачувување на налогот во pdf формат и тоа со сите податоци внесени во ставките од истиот.

Додека пак, копчето Печатење девизно овозможува печатење на финансовиот налог и тоа со посебни колони за оние ставки во налогот во кои се внесувани и девизни износи, курс и валута.

 

pecatenja

 

Кога сме веќе кај можностите за  печатење на налогот, во опцијата Печатења постои можност и за следните типови на печатења:

 

pecatenja1

 

-Печатење по редоследен број

-Печатење аналитички рекапитулар (извештај за вкупниот износ на секое од контата, искнижен во конкретниот налог)

-Одобрение/Задолжение. Опција која нуди можност со позиционирање на конкретна ставка во налогот, програмот да го препознае коминтентот и со еден клик без избор на друго мени од модулот да се испечати Одобрение или Задолжение по таа ставка во налогот за селектираниот комитент. Со избор на оваа можност од печатењата се јавува следниот прозор за пополнување на податоците:

 

odobrenie12

Со изборот на Одобрение или Задолжени, по избор на копчето Печати, се јавува соодветниот документ кој е избран.

 

Во прегледот на секој финансов налог се јавува и можноста за евидентирање на Други книжења.

              dr.knizenja                

 

Од понудените опции најкористена е можноста за евидентирање на Дневен пазар (Ф7). Оваа опција всушност нуди можност за едноставно книжење на Дневните финансиски извештаи од продавниците.

dn.pazar

 

По избор на оваа опција се отвара следниот прозор кој нуди можност за внес на сите податоци од дневниот финансиски извештај, како на пример: датум, износ на прометот, број на продавница од која се однесува извештајот, ДДВ од македонски производ по тарифа, ДДВ на продадените производи со можност за евиденција по тарифа и сл.

Опција која исто така ја нуди содржината на финансовиот налог е сортирањето за преглед на ставките во истиот. Можностите за сортирање се прикажани на следната слика, кои се избираат на соодветните копчиња.

 

sortiranje

 

Оваа опција се наоѓа веднаш до можноста за избор на Други книжења.

Од менито во финансовиот налог, конкретно за менито Специјални опции ќе бидат објаснати само најприменуваните опции:

 

spec.opcii1

-Масовно менување на датум е опција која нуди можност за масовна промена на датумот на книжењата во дадениот финансов налог. Со избор на оваа опција се наоѓа и можноста за евидентирање на книжењата како почетни салда и тоа масовно, доколку се избере Почетна состојба ДА.

 

Screenshot_10

-Копирај во друг налог е опција која овозможува копирање на ставките од еден во друг налог.

 

Во секој од финансовите налози постои можност за импортирање и тоа импортирање на ставки од финансов налог од Excel и импорт на банкарски извод.

 

import

 

-Импортирање на ставки во финансов налог од Excel е опција која што нуди можност за евидентирање на ставки во налог со нивно импортирање од Excel документ. Опцијата се наоѓа:

 

importOdEksel

Со клик на опцијата добивате порака со која програмот прашува дали се средени колоните во Excel документот согласно урнекот за импорт на финансов налог од Excel PocetenNalogZaImport.xls, бидејќи само Excel документ во кој податоците се внесени согласно овој урнек може успешно да се импортираат во финансовиот налог. Оваа опција е и тоа како корисна кога е потребно да се пренесат податоци (содржина на финансов налог) од Excel документ, без нивно рачно пополнување во програмот.

-Импортот на банкарски извод нуди можност за импорт на txt фајл кој  го праќа банката. Oпцијата за импорт на изводот е следна:

 

 

Импорт на извод е опција која што нуди можност за импортна txt фајл од следните банки: Стопанска Банка, Комерцијална Банка, Халк Банк, Тутунска Банка и Стопанска Банка А.Д. Битола. Со импортирањето на изводот, програмот врши записи за контата 1000, 1200 и 2200,со соодветните износи од изводот, како и содржината и описот од ставката, го пополнува полето за Извод број, како и датумот на изводот. Подолу на сликата е прикажан импортиран извод од Стопанска банка, пополнет соодветно со сите податоци од изводот.

 

importiranIzvod-A

 

Во секој финансов налог, во долниот десен агол се полиња кои прикажуваат дали налогот е сложен, кој е вкупниот износ на страната Должи и Побарува (во денари и во девизи), како и копчето за експорт во Excel и копчето за Излез од налогот. Истото е прикажано на следната слика:

                                                         

nalog7-A

izlezNalog - Copy

 

Полињата кои се со реден број 1 го прикажуваат износот на салдото во налогот, односно алармираат за колкав износ налогот не е сложен и дали тоа салдо е на страната Должи или на Побарува. Полињата со број 2 го прикажуваат вкупниот износ кој е искнижен во овој налог и на страната Должи и на страната Побарува, доколку износот во полето ВК.ДОЛЖИ е идентичен со оној во полето ВК.ПОБАРУВА значи дека книжењата во овој налог се сложени и тогаш полињата од бр. 1 се секогаш 0.00.

Иконата од Excel која се гледа во овој дел од екранот нуди можност за експорт во ексел на целосната содржина  од финансовиот налог.

Копчето Излез (Esc) служи за излез од содржината на финансовиот налог.