<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Каса > Сторно сметка |
Сторно сметка во малопродажба се креира кога купувачот ни ја враќа робата и ние треба истата да ја вратиме на лагер а со тоа треба да вратиме пари на купувачот. На главниот прозорец во касата наместо сметка одбираме сторно сметка со глушецот или минус од тастатурата.
Кога ќе се одбере функцијата за сторно сметка се добива ист прозорец како и при креирање на нормална продажна сметка, само што овој пат автоматски производите се со минусна количина и износот за наплата е минусен.
Сторно сметката се креира преку опцијата повикај парагон, кое се наоѓа на горниот дел од касата, што би значело дека за да го повикаме цел парагон првично треба да го исклучиме долниот дел од касата еднаш со ESC за да добиеме приказ само на горниот дел од касата и да имаме можност да ги користиме копчињата од горниот дел од касата.
За да го повикаме целиот парагон кој сакаме да го сторнираме треба да ја внесеме бројот на касата од која е отпечатена сметката и бројот на парагон кој сакаме да го сторнираме во следниот формат 01-54. Односно број 01 е бројот на касата, додека број 54 е бројот на парагонот кој сакаме да го сторнираме.
По повикување на парагонот кој сакаме да го сторнираме, во износот за наплата во горниот десен агол го добиваме износот на целиот парагон кој бил наплатен само овојпат со минус. Со ESC од тастатурата се печати сторно сметката.
Со опцијата повикај парагон, доколку сметката е наплатена во готовина сторно сметката се затвара со евиденција на наплата во готовина,во спротивно доколку сметката е наплатена со картичка и истата се сторнира преку опцијата повикај парагон сторно сметката ќе се евидентира како вратени пари со картичка.
Преку опцијата сторно сметка можеме да сторнираме и одредени производи без да ја користиме опцијата повикај парагон, туку едноставно рачно да внесеме еден по еден производ кој сакаме да ги сторнираме. Тоа се прави на истиот начин како и нормалната продажба на производите, само што кога сме влезени во делот за сторно програмот автоматски го дава со минусна количина. По внесувањето на производот се пушта фискална сметка, односно сторно сметка.