Лагер листа

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење >

Лагер листа

Во ова поглавје ќе биде опишан начинот на функционирање на лагер листата и опциите кои Ви се достапни преку истата во програмот.

 

Лагер листата во програмот се креира автоматски, од записите кои Вие ги креирате во менијата за влезни и излезни документи во материјално. Со секој влезен документ се додава количина со сите карактеристики кои за истата сте ги навеле (цена, сериски броеви, бар-кодови итн.) а со секој излезен документ истата се црпи од лагерот.

 

При избор на опцијата Лагер листа во паѓачкото мени за материјално работење, програмот најпрво ќе Ве праша под кој критериум сакате да ја погледнете лагер листата со следниот прозорец:

 

 

Доколку имате некое специфично барање за прегледот кој Ви е потребен, потребно е овде да го наведете со пополнување на соодветните полиња. Со кликање на копчето Во ред или F9 на тастатурата програмот ќе Ве одведе до следниот прозорец за избор на магацин за кој сакате да ја видите лагер листата. На увид ќе Ви бидат поставени сите магацини кои актуелно се отворени во програмот и потребно е да се позиционирате на потребниот и со притискање на enter на тастатурата или копчето Избор да го изберете соодветниот.

 

Во тој момент програмот ќе креира лагер листа согласно Вашето барање и ќе Ви ја достави на увид на екранот. Од тука со позиционирање на било кој од производите и избор на копчето Материјална картица, позиционирано во долниот лев агол, можете да видите уште подетален приказ за движењето на секој производ поединечно. Оваа опција е поставена само заради поголема удобност при работењето, а за детална анализа на материјалните картици има и посебно мени кое е предмет на разработка во следното поглавје.

 

Оваа лагер листа Ви нуди детален сумарен приказ на финансиската состојба со датумот до кој сте ја повикале во долниот десен агол. Покрај стандардната опција прикажана во долниот лев агол имате бројни опции за печатење на лагер листата за разни намени.

Истите можете да ги најдете во паѓачките менија поставени во горниот лев агол.

Во наведените менија поставени се и разни други опции за сортирање на податоците, за повикување на споредбен лагер за целите на контролен попис, некои форми на извештаи кои би можеле да Ви бидат корисни итн.