Материјална картица

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење >

Материјална картица

Во ова поглавје ќе биде опишана материјалната картица за производите и сите прегледи кои истата ги нуди.

 

Материјалната картица во програмот се креира автоматски, од записите кои Вие ги креирате во менијата за влезни и излезни документи во материјално. Со секој влезен документ се додава количина со сите карактеристики кои за истата сте ги навеле (цена, сериски броеви, бар-кодови итн.) а со секој излезен документ истата се црпи од лагерот и сите овие записи ја генерираат деталната материјална картица.

 

Преку анализа на материјалната картица на производот, можете лесно да детектирате поголеми отстапувања, грешки во записи и детално движење на производот.

Истата се повикува од паѓачкото мени на модулот за материјално работење со избор на опцијата Материјална картица по што програмот ќе отвори прозорец како на сликата подолу со кој Ве прашува за конкретен магацин во кој истата сакате да ја видите.

 

 

Со позиционирање и избор на соодветниот програмот ќе Ве одведе до следниот прозорец каде на увид ќе Ви ги даде сите производи со можност за брзо лоцирање на бараниот.

 

За таа цел во долниот дел од екранот е поставен филтер кој може да Ви помогне да стигнете до филтриран преглед по Ваши инструкции. Секако на располагање Ви стои опцијата да го лоцирате сaканиот производ со пребарување на истиот по дел од назив доколку го изберете копчето поставено за таа намена во долниот лев агол на екранот или притиснете F3 на тастатурата.

 

За брз увид во левиот долен дел од екранскиот приказ поставени се и копчиња за приказ на присутна количина од производот на кој сте позиционирани. Од десната страна на екранот имате опција за сортирање на производите, брз увид во нормативот на производот на кој сте позиционирани, како и стандардните опции за внес, промена и бришење на производите кои ги имате и во самиот шифрарник на производи.

 

Во горниот лев агол, како и на многу места низ програмот, поставени се паѓачки менија кои Ви нудат разни опции за специфични случаи и дополнителни опции за печатење.

За детален увид во материјалната картица на еден конкретен производ, потребно е да се позиционирате на истиот и да ја изберете опцијата Избор или да притиснете enter на тастатурата. Со ова ќе се прикаже нов прозорец со сите детали од сите записи во магацинот во кои бил вклучен овој производ.

 

За поголема удобност при работата во долниот лев агол поставени се неколку корисни опции. На пр. можете директно да повикате картица од претходниот или следниот производ во листата, да ја повикате картицата за печатење, да повикате збирен рекапитулар за движењето по количини или да одберете ограничен период во кој би сакале да добиете увид.

Во горниот лев агол на екранот, стандардно се поставени дополнителни опции за преглед и печатење во неколку паѓачки менија.