Одобренија

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење >

Одобренија

Во ова поглавје ќе  биде објаснета постапката за креирање на одобренија од програмот HELIX. Постојат две опции кои Ви стојат на располагање доколку имате потреба да креирате одобрение.

 

1.Со првата опција креирате излезен документ од материјално/излез како што е опишано во претходните поглавја и истиот го обележувате како повратница или сторно фактура при избор на тип во првиот прозорец како на сликата подолу:

 

 

Со зачувување на овој запис со кликање на копчето Во ред или F9 тастатурата, програмот ќе Ве одведе до следниот прозорец каде треба да ја наведете содржината на документот и тој изгледа вака:

 

odobrenie

 

Во содржината на калкулацијата, при внесување на производите од кои се содржи потребно е во полето “Одобрено по док.” да биде внесен  бројот на документот на кој што се однесува сторнирањето т.е. повратницата.

Во една повратница/сторно ф-ра постои можност за внесување на производи по повеќе излезни калкулации.

Кога ќе завршите со внес на содржината можете да го повикате документот за печатење со опцијата за Печатење на одобрение сместена во паѓачкото мени Печатење кое е позиционирано во горниот лев агол на екранот.

Тој документ ќе изгледа како на сликата подолу:

 

odobrenie2

 

 

2.Со втората опција во модулот за материјално работење ја избирате опцијата Одобренија и тука внесувате запис за износот за кој сакате да го намалите долгот на комитентот. За креирање на нов запис стандардно ја избирате опцијата Нова позиционирана на десната страна од екранскиот приказ, или притискате на копчето Insert на тастатурата, по што ќе се отвори прозорец како на сликата:

 

 

По пополнување на овој прозорец со соодветните податоци и зачувување на истите, програмот ќе Ве одведе до вториот прозорец во кој ја внесувате содржината на одобрението. Тој изгледа како на сликата подолу:

 

 

При тоа важно е во полето Ф2- Затварање по док. да се избере конкретната фактура за која се однесува Одобрението. На овој начин одобрението го намалува износот за наплата на излезната фактура и во гридот “За наплата” во материјално/излез.

При креирање на Одобрение од модулот Материјално, Записите на вака креираните сторно излезни фактукккри и одобренија влијаат врз следните финансиски извештаи:

1.ИОС

2.ИОС за сите комитенти

3.Извештај на доспеани документи

4.Извештај на документи пред доспевање

 

Со било која од предложените опции програмот Ви обезбедува поврзување на повратница, одобрение и/или сторно фактура со конкретна излезна фактура и соодветно коригирање на износот за наплата како и соодветна корекција на периодичниот финансиски извештај за доспеани документи и документи пред доспевање

 

Важно е да се напомене дека за користење на овие можности потребно е да се внимава на следните точки:

 

1.Потребно е сите документи да бидат финансиски искнижени.

2.Доколку повратницата, одобрението или сторно фактурата ги внесувате само финансиски , да биде пополнето полето “Одобрено по док.” со бројот на фактура по која се однесува документот кој се книжи.

3.За користење на овие можности, задолжително е да биде поставено сетирањето за уникатен број на документ (не на ниво на магацин)

-Систем / Сетирања /  Материјално / Содржина на излезна калкулација / Генерирај број на фактури на Ф5 и Ф6 на ниво на сите магацини.

4.Доколку при книжење се користат синтетички конта, да се постави сетирањето за книжење на 120 и 220

-Систем / Сетирања / Финансово / Денарско КОНТО купувач (120) да се пополни празното поле со соодветното синтетичко конто 120

-Систем / Сетирања / Финансово / Денарско КОНТО добавувач (220) да се пополни празното поле со соодветното синтетичко конто 220