<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Плата |
Mодулот плата е наменет за месечното креирање на платата на вработените во една фирма.
Во истиот, имате можност за внес на матични податоци за вработените, каде се дефинираат сите шифри, ослободувања, трансакциската сметка на вработениот и продолжува со месечното креирање на пресметката на платата. Модулот како дел од можностите располага и со голем број на разни извештаи и законски обрасци кои можат да се повикаат од матичните податоци но и од самата пресметка на платата. Преку истиот самите корисници имаат можност сами да си дефинираат извештај согласно нивните потреби и истиот да можат да го експортираат во excel, pdf формат или да го испечатат. Пресметката преку моменталната верзија на модулот тргнува од бруто платата.
Постојат неколку главни чекори кои треба да се направат за успешно да се креира платата за месецот.
Првично, потребно е да се правилно да се пополни:
1.Код за плата
2.Тип на фирма – сетирање кое се наоѓа во основни податоци за фирма
3.Системски сетирањa за платата
4.Матични податоци за вработените
5.Пресметка на платата
Откако ќе се дефинира платата, корисникот има можност за истата да:
6.Креира МПП фајл за проверка на платата во МПИН софтверот на УЈП во месецот
7.Автоматско да ја искнижи платата во налог, со претходно креиран терк за книжење
8.Повика преглед на извештаи за вработените / пресметката за конкретен месец.
1. Дефинирање на код за плата
Кодот за плата, најчесто го внесуваме ние при инсталација на програмот, со вклучување на модулот плата. Истиот се внесува во основни податоци за фирма и претставува поле во кое се внесува 0 или 1. Доколку станува збор за програмски пакет во кој е вклучена пресметка на плата за која нема специфики како пресметка по бодови или титули, тогаш се внесува код 0. Доколку станува збор за пакет со кој треба да се направи пресметка на платата по бодови, во тој случај во код за плата внесуваме 1.
2. Сетирање ТИП НА ФИРМА
Во фирми – избор на фирма – позиционирање на конкретната фирма на која сакаме да и направиме промена во сетирањето – промена – таб податоци за плата.
Пред да се објаснат самите сетирања, важно е да се напомене дека со сетирање на некоја од опциите, програмот носи соодветна шифра во пресметката на платата за вработените.
1. За оние фирми кои немаат посебни специфики и за истите треба да се направи “обична” плата
2. За оние фирми кои се СТД (самостојни трговски дуќани), односно трговец поединец
3. Дополнителна дејност - постара опција, која во моментов не се користи воопшто
4. За фирми кои се дел од ТИРЗ (Технолошко индустриска развојна зона)
5. Доколку за фирмата за која се прави се води како занаетчиски дуќан, тогаш се сетира Д (Да). Во спротивно треба да се сетира Н (Не).
6. Доколку фирмата се води како заштитна организација, потребно е да се сетира Д (Да). Во спротивно потребно е да се сетира Н (не).
7.Доколку фирмата е даночен обврзник, потребно е да се сетира Д (да). Во спротивно, потребно е да се сетира Н (Не).
8&9. Ова сетирање означува на како начин да се одвива пресметката на просекот од минатите плати. Имаат можност да одберат дали истото ќе земе просек на минати плати по просечна плата или пак по просечна саатнина.
10. Постои можност за заклучување на податоците од безбедносен аспект. За да се заклучи фирмата, се сетира Д (Да). Доколку не сакаат да ја заклучат фирмата си останува Н (не).
11. Доколку станува збор за фирма за која треба да важат законите за изработка на плата за адвокат, во тој случај се сетира адвокат Д (Да). Во спротивно останува на Н (Не).
3. Системски сетирања за плата
Во систем –> сетирања –> плата -> основни поставки се наведени системските сетирања за платата по кои се креира истата. Во зависност од тоа што ќе биде штиклирано во тој дел, на таков начин ќе биде направена платата. Преку системските сетирања, корисникот има можност да сетира на каков начин да биде прикажан минатиот труд (како дефинирана ставка или да биде пресметан од редовните часови), дали часовите кои ќе припаднат на боледувањето, празниците и сл., треба да ги намалат или зголемат часовите од редовното работење. Има група на сетирања со кои корисникот може да одлучи дали статусите за скратено работно време, пријава одјава и сл., автоматски да се носат во пресметката на платата од матичните податоци, а со тоа истите да бидат префрлени и во мпин. Подетално: системски сетирања за плата