Матични податоци за вработените

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Плата >

Матични податоци за вработените

Во фирми – плата – матични податоци за вработените, корисникот треба да ги внесе сите карактеристики на платата за конкретниот вработен. Општо, во овој дел подетално се внесува за кој вработен станува збор, лични податоци поврзани со вработениот, под кои услови е вработен во фирмата како и податоци за тоа кога е пријавен/ одјавен и сл. Во ова поглавје ќе  се запознаеме подетално со основните функции кои можат да се забележат на панелот за избор на вработен, т.е. внес на матични податоци во плата.

 

 

 

При отварање на панелот за матични податоци можат да се забележат:

 

(1) Специјални опции преку кои може да се повика дискета за ПИО и ова претставува постара опција која во тековното работење во 2020 година не се користи и е заменета со понови опции;

 

 

(2) Сортирање на податоците во табелата по повеќе критериуми:

 

 

1. Сортирање на вработените во табелата по азбучен ред согласно азбуката

2. Сортирање на вработените по шифрата со која се внесени;

3. Сортирање на вработените по работното место на кое работат;

4. Сортирање на вработените по бодовите, почнувајќи од највисоката вредност.

5. Сортирање на вработените по датумот кој е внесен како почеток на пресметката на  минатиот труд;

 

 

(3) Печатење на извештаи за вработените кои се генерираат од податоците внесени во матичните податоци. Доколку ви е потребен извештај од матичните податоци, за определен вработен, потребно е да се позиционирате на вработениот и со клик на опциите на преглед пред печатење ќе се генерираат:

 

 

1. Печатење на М4 образец – законски образец, за потребите во институциите.

2. Извештај за платата на вработениот на кој подетално можат да се забележат месечни податоци поврзани со платите на вработениот кои ги земал во тековната година. Подетално, извештајот има можност за преглед на податоците поврзани со вк. часови, одработени часови, исплатениот персонален данок, износот наменет за придонесите за ПИО, здравство, вработување како и износот на исплатената нето плата по месеците, во тековната година.

3. Извештај кој овозможува преглед на исплатениот износ за кредити за вработениот, по месеци и износи.

4. Список со работни места е извештај кој ги прикажува работните места за сите вработени, запишувајќи со шифра, работно место, почетен и краен датум во тековна година, датум на вработување.

5. Договори кои завршуваат во тековниот месец е опција која генерира извештај во кој корисникот има можност да види на кои вработени им завршил договорот. Опцијата при повикувањето дава можност за избор за месец. На тој начин корисникот има можност да види во пр. Во месец јануари чии договори се завршени и истите да ги продолжи.

6. Искористени и останати денови на одмор е извештај кој на корисникот му дава конкретен одговор на прашањето колку денови од годишниот одмор има преостанато кај некој вработен. За да  се пополнува извештајот со информации, потребно е истите да бидат внесени во полето годишен одмор – број на часови кои му следуваат , во вториот таб Податоци за вработување од матичните податоци.

7. Годишен извештај по вработен е извештај со податоци за бруто платата, нето платата, Даночно ослободување, персонален данок и придонесите за ПИО, Здравство, Вработување и дополнително здравство. Извештајот се генерира за тековната година, поконкретно само за месеците за кои вработениот има пресметка за плата. Податоците се поделени за секој месец одделно, започнувајќи од јануари, тековната година.

8. Образец НП- 1 – со повикување на опцијата, од програмот се генерира автоматски пополнет образец за вработениот. Претходно, корисникот има можност да зададе конкретен период според кој извештајот би се изгенерирал.

9. Извештај по евиденција на задршки

 

 

Со избор на извештајот за реализирани задршки за вработен, корисникот има можност да добие извештај за заддршките кои ги имаат еден вработен/сите вработени во пресметките на платата од тековната година. Извештајот за реализирани задршки по решение за месец му даваат на корисникот можност за преглед на задршките за вработениот на кој е позициониран, за конкретен месец кој тој ќе го избере при повикување на опцијата. Извештајот за реализирани задршки по Извршители му овозможува на корисникот преглед на задршките по вработен кои се однесуваат на запирања по основ на решенија од извршители.

 

 

(4) Акции - Со избор на опциите зголемување/намалување на стаж, корисникот има можност кај сите вработени, со еден клик да го зголеми или намали стажот за месецот за кој ја прави пресметката на платата. Оваа опција, најчесто се користи за корекција на кориснички грешки кои предизвикале при креирање на пресметката на платата за ист месец, повеќе пати да го зголемат стажот кај вработените.

 

 

1.  Овозможува зголемување на стажот за 1 месец кај сите вработени кои се внесени во матичните податоци и за кои се креира пресметка за плата;

 

2. Овозможува намалување на стажот за 1 месец кај сите вработени кои се внесени во матичните  податоци и за кои се креира пресметка за плата.

 

(5) Титули – (Звања), најчесто ја користат корисници кои имаат потреба од изготвување на плата по бодови и титули (државни институции и сл). Функционира на следниот начин:

 

 

Со избор на опцијата (2.) Нов (Ins) корисникот внесува нова титула која подоцна треба да ја додели кај определен вработен. Во полето (5.) година, се внесува тековната година. Во полето  (6) се внесува титулата, односно звањето со описен текст. Следува, внес на податокот дали внесот на титулата се однесува на лице кое работи како (7) Функционер, Државен службеник или Работник. Дополнително, потребно е да се внесат (8) бодови за титула и (9) бодови за решение кои корисникот најчесто ги пополнува согласно Договорот за вработување на вработениот. Откако, целосно ќе се внесе платата, со клик на копчето Во ред (F9) се снима записот на титулата и се прикажува во (1) табелата, како на примерот погоре.

 

(6) Преглед – табела каде се наведени сите вработени кои се внесени во матичните податоци;

(7) Нов вработен (Ins) – со клик на копчето или притискање на Insert копчето од тастатура, се внесува нов вработен во матичните податоци;

(8) Промена/Преглед (ent) – со клик на копчето или притискање на enter од тастатура, корисникот има можност за преглед/промена на матичните податоци за вработениот на кој е позициониран во табелата.

(9) Бришење – со клик на копчето бришење, се брише вработениот на кој што сме позиционирани во табелата. Како напомена, програмот нема да дозволи бришење на податоците за вработениот доколку за него е направена плата.

(10) Пребарувај (бланко)  - со клик на копчето или со притискање на space од тастатура, се отвора search бар преку кој може да се пребарува во програмот. Во истиот има можност за избор даликорисникот сака да пребарува по име и презиме, по шифра или пак по матичен број.

(11) Филтер по ОЕ – со клик на копчето се отвара дополнителна опција каде треба да се наведе ОЕ по која корисникот сака да му бидат исфилтрирани вработените лица во матичните податоци.

(12) Печати – со клик на копчето печати се јавува преглед на список на вработени со име и презиме, шифра, раб. место и бодови. Овој дел се однесува на корисниците кои имаат плата за вработени по бодови.

(13) Излез (esc) – со клик на копчето или со притискање на копчето esc од тастатура (најчесто можете да го најдете во горниот лев агол на тастатурата), се излегува од матичните податоци.

 

Напомена: копчињата нов, промена/преглед, бришење (еsc) функционираат на погоре наведениот начин насекаде во програмот.