Генерални подесувања на привилегии

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Кориснички привилегии >

Генерални подесувања на привилегии

Дефинирање на корисничко име, лозинка, администраторски привилегии, како и некои други основни привилегии, се врши во горниот дел на формата која се отвара со повикување на копчињата нов  / промена / бришење, од формата за преглед на корисници во системот.

 

KP_GeneralniPodesuvanja

 

Општи параметри за дефинирање на корисник во Хеликс системот:

-Редоследен број

-Корисничко име

-Лозинка

-Име и Презиме

-Ниво (ниво на привилегии во однос на другите корисници во системот)

-Мени (реден број на наменско мени со видливи опции во системот, дифолтно е „01“). Кога има потреба дел од корисниците да им се намали бројот на видливи опции, техничките лица на Зонел Софтвер може да креираат и други менија.

-е-маил (е-маил адресата е битна за регистрација на корисникот за користење на тикет системот на Зонел)

 

Дополнителни генерални привилегии:

-Е-сметководител - привилегија за промена на сметководствено обработени документи

-Администратор - привилегија за преглед и промена на кориснички привилегии и системски сетирања

-Трансфер на податоци - привилегија за користење на опција за размена на податоци со надворешни (Хеликс) бази со импорт и експорт на селектирани податоци.

-Пристап до фактури од Зонел Софтвер - привилегија која овозможува преглед и преземање на фактурите од Зонел преку тикет системот.

 

Копчето „Преземи привилегии“ не се гледа при креирање на нов корисник (значи постои само при промена на привилегии на постоечки корисник) и овозможува копирање на сите поставки за привилегии од друг корисник.

 

Под делот за генералните подесувања се наоѓа лента со полиња за избор на област за подесување на наменските кориснички привилегии. Во десниот дел на лентата се копчињата придвижување (скролување) на лентата во лево или десно.

Со кликање на поле на лентата се менува долниот панел на формата со преглед на привилегиите за избраната област.

Подетални објаснувања за секоја област има на соодветните линкови достапни од претходната страна (кориснички привилегии).