Кориснички привилегии

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство >

Кориснички привилегии

 

Кориснички привилегии

├─ Материјално

│  ├─ Влез

│  ├─ Излез

│  └─ Услуги

├─ Финансово

├─ Плата

├─ Шифрарници

├─ Малопродажба

├─ Каса

├─ Транспорт

├─ Мобилен уред

├─ Сервисни налози

├─ Општо

└─ Хотелско

 

Опцијата за подесување на корисничките привилегии се наоѓа во подменито „Систем -> Корисници“. За истата да биде достапна за преглед и промена, корисникот кој е моментно најавен треба да има „администраторска“ привилегија.

Со повикување на опцијата се отвара преглед на моментно регистрираните корисници, како што е на прикажано на сликата подолу.

 

KP_Pregled_Korisnici

 

Со копчињата за „Нов“ и „Промена“ се отвара форма за внес на нов корисник или промена на привилегиите на постоечки корисник во системот. Со копчето за бришење се отвара истата форма само за увид, пред да се потврди бришењето на корисникот на кој е позициониран курсорот (стрелката во првата колона на горната слика).

 

Подетално објаснување на подесувањата на привилегиите на корисниците ќе најдете на следниот линк.

 

Копчето „Постави Пасивен“ се користи за привремено деактивирање на некој корисник, без да мора да се брише истиот.

 

Копчињата во делот за „Тикет систем“ овозможуваат администраторот на системот да одлучи и соодветно да додели привилегии кај некои корисници за користењето на Тикет системот на Зонел. Регистрацијата во тикет системот е поврзана со доделениот емаил на корисникот (објаснето во следното поглавје), и истиот мора да биде уникатен за секој регистриран корисник во тикетот.