<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Кориснички привилегии > Општо |
-Сетирањата од 1 до 10 се однесуваат на привилегии за пристап до соодветни системски опции
-Полето за „Дозвола за работа во следните магацини“ е наменето за ограничување на пристапот на корисник само до одредени магацини, набројани во полето со сепаратор точка запирка „;“, вклучително и на почетокот и на крајот на низата од магацините. Ако полето е празно, тогаш пристапот не е ограничен на одредени магацини.
-Доколку се работи со верификација на влезни документи, во соодветните полиња треба да се доделат дозволени магацини, односно продавници, во кои овој корисник ќе има привилегија да ја врши верификацијата. Доколку се означи „Сите магацини“ односно „Сите продавници“, тогаш системот сам доделува дозвола на сите дефинирани магацини, односно продавници.
-Доколку е потребно да се ограничи пристапот во програмот на одреден корисник само во некои фирми, тогаш се користат полињата за дозволени или за забранети фирми за работа (само едно од понудените полиња, кое администраторот смета дека е посоодветно). Набројувањето и овде е со низа на шифри на фирмите одвоени со сепаратор точка запирка „;“.
-На дифолтните урнеци за излезни фактури (од материјално, малопродажба и услуги) има поле за потписник на фактура кое повлекува име и презиме на потписникот и слика од скениран потпис. Ако е потребно најавениот корисник да се појавува со свое име и презиме како потписник, може овде да се пополнат соодветните полиња; а во спротивно ќе се повлекува името и потписот на потписникот од генералии на фирмата (за секој најавен корисник во програмот).
-Полето за базен корисник веќе не се користи.