<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Кориснички привилегии > Плата |
Програмот дава можност за дефинирање на корисничките сетирања (дозволи/забрани) со кои би работеле корисниците при внесување на податоци во софтверот. За дефинирање на корисничките сетирања за работа со модулот плата, потребно е корисникот да кликне на систем -> корисници -> промена на вработениот кај кој сака да ги постави сетирањата и да се позиционира во табот плата.
Доколку сетирањата кои се наведени, се штиклирани кај корисникот, на истиот му се дозволува:
1. Плата - привилегија да работи со модулот плата;
2. Матични податоци - привилегија да пополнува матични податоци кај вработените лица;
3. Внесување на нов вработен - привилегија за внес на нов вработен во матични податоци;
4. Промена на вработен - привилегија за промена нa податоците кај вработено лице, во матични податоци;
5. Бришење на вработен - доколку за вработеното лице не е искреирана плата, оваа привилегија дозволува бришење нa податоците на вработено лице, во матични податоци;
6. Печатење на извештаи - привилегија за печатење на извештаи од матични податоци;
7. Податоци за месец - привилегија да внесува податоци за месец
8. Внесување на нов месец - привилегија за внес на нов месец за пресметка на плата;
9. Промена на месец - привилегија за промена на податоци за месецот при пресметка на плата;
10. Бришење на месец - привилегија за бришење на податоци за месецот при пресметка на плата;
11. Печатење на извештаи - привилегија зa видливост на менито Извештаи и печатења во плата.
12. Податоци за вработени во месец - привилегија за внес на податоци за вработени во пресметковен месец;
13. Нов вработен - привилегија за внес на нов вработен во пресметката на платата за новиот месец;
14. Промена на вработен - привилегија за промена на податоци на вработен во пресметката на платата за новиот месец;
15. Бришење на вработен - привилегија за бришење на вработен во пресметката на платата за новиот месец;
16. Шифрарник на придонеси - привилегија за дефинирање на дефинирани ставки на ниво на премсетка на плата, преку копчето ДЕФИНИРАНИ СТАВКИ;
17. Внесување на нов придонес - привилегија за внес на нова дефинирана ставка;
18. Промена на придонес- привилегија за промена на информации за дефинирана ставка;
19. Бришење на придонес - привилегија за бришење на информации за дефинирана ставка;
20. Шифрарник на титули (звања) - при дефинирање на буџетска плата, корисниците имаат привилегија за дефинирање на титули (звања);
21. Внес на ново звање - привилегија за внес на ново звање;
22. Промена на звање - привилегија за промена на звање;
23. Бришење на звање - привилегија за бришење на звање;
26. Видливост на извештаи од Годишниот Извештај - Оваа опција е наменска за сопственик.
Од привилегијата зависи Видливоста на ПДДГИ и во Плата > Годишен извештај