Продавници и магацини

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Шифрарници >

Продавници и магацини

Во ова поглавје опишан е начинот за креирање на продавници и магацини во кои ќе се распределува севкупното работење во модулите за малопродажба и големопродажба во програмот. Важна напомена е дека неопходно е да биде отворена барем една продавница/магацин за програмот да има каде да ги зачува податоците, а на располагање Ви е оставена опцијата да отворите толкав број колку што Ви е потребен.

За да отворите нова продавница потребно е од главниот екран на програмот да го одберете менито Шифрарници и опцијата Продавници. По тоа ќе се појави прозорец како на сликата подолу:

 

 

Со избор на опцијата Нов (Ins ) или притискање на копчето Insert на тастатурата ќе се отвори дополнителен прозорец за опис на продавницата.

 

 

Овде потребно е да внесете Уникатен Број на продавницата и Назив на истата за да таа биде функционална а сите останати полиња се опционални.

Доколку сакате можете да внесете и две адреси, телефон, место, поштенски број во предвидените полиња за истото. Доколку го пополните полето за комитент оваа продавница може да се ограничи со работа само за тој комитент.

Доколку прикачите ценовник при дефинирање на продавницата, истиот ќе се повлекува како предлог ценовник во сите записи креирани преку оваа продавница.

Ако имате потреба можете да го ограничите Максималниот рабат кој би бил дозволен за работа преку каса со внесување на процентуален износ во предвиденото поле.

Корисниците со модул за ресторанско работење можат со штиклирање на опцијата за Ограничување на време за сторно сметка на 15 минути да го сетираат програмот да работи согласно Законските прописи.

За да се креира и зачува оваа продавница потребно е да ја изберете опцијата Во ред или да притиснете F9 на тастатурата. Оваа продавница понатаму Ви стои на располагање за менување и бришење согласно Вашите потреби.  

 

На сличен начин предвидено е да се отвораат и магацините во програмот. Во истото мени за Шифрарници, доколку ја одберете опцијата Магацини, ќе се отвори следниот прозорец:

 

 

Со избор на опцијата Нов (Ins ) или притискање на копчето Insert на тастатурата ќе се отвори дополнителен прозорец за опис на магацинот.

 

 

Овде неопходно е да се внесе уникатен број на магацинот и Назив на истиот а сите останати полиња се пополнуваат по потреба.

Можете да внесете Адреса, лозинка за пристап на податоците од магацинот, фиксен ценовник кој би се предлагал секогаш кога ќе креирате калкулации во магацинот, Организациона Единица за која се отвара  овој магацин, шифра на продавница за ЕТУ и опција дали да се прикажува количината од магацинот во продавница.

За да се креира и зачува овој магацин потребно е да ја изберете опцијата Во ред или да притиснете F9 на тастатурата. Овој магацин понатаму Ви стои на располагање за менување и бришење согласно Вашите потреби.