<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Шифрарници > Услуги |
Во ова поглавје ќе биде опишан начинот на креирање на шифрарник на предефинирани услуги кои понатаму може да се повлекуваат во излезни калкулации.
Шифрарникот се наоѓа во менито за шифрарници позиционирано на главниот екран и истиот е именуван како Услуги. Со избор на оваа опција ќе се појави прозорец како на сликата подолу:
Тука на располагање имате опции да креирате нова услуга, избришете или промените некоја од постоечките со избор на соодветното копче. Доколку го изберете копчето Нов (ins) или притиснете Insert на тастурата, во рамки на истиот прозорец, ќе се отворат дополнителни полиња за опис на новата услуга која сакате да ја креирате. Тоа изгледа како на сликата подолу:
Во овие полиња потребно е да го внесете:
-описот на услугата во полето за Внес,
-уникатната шифра под која оваа услуга ќе биде заведена во програмот,
-единечна мерка на услугата во полето Ед.м.
-даночна тарифа на услугата (со избор од шифрарникот на даночни тарифи или директен внес на шифрата за саканата даночна тарифа)
-Цена на услугата
-Добавувач (само доколку сакате да ја ограничите оваа услуга само на еден добавувач)
-Опција да обележите дали активно се користи оваа услуга или не,
-Тип на услуга (со избор од шифрарникот на типови на услуги или директен внес на шифрата на саканиот тип на услуга).
Шифрарникот на типови на услуги е исто така предефиниран од Ваша страна и се наоѓа во истото мени за Шифрарници под називот Типови на услуги. Доколку го изберете ќе се појави прозорец како на сликата подолу и во него со едноставен внес на шифра и назив на типот на услуга ги предефинирате типовите на услуги со кои сакате да работите во програмот и според кои би сакале да добивате извештаи во иднина.
Типовите на услуги не се задолжително поле доколку немате разграничување на услугите од овој тип.
Кога ќе завршите со внес на сите податоци, потребно е да ја одберете опцијата Во ред (F9) за да ги зачувате истите и да Ви останат на располагање при понатамошната работа.