Донесете вистинска одлука!
Одберете компанија која го разбира Вашиот бизнис и навистина се грижи за Вас!
Поврзете ги продажбата, залихите, финансиите и сметководството во едно целосно решение. Имајте контрола врз работењето и повеќе време за развој на вашиот бизнис.
Прометот не е профит. Следете ги продажбата, залихите, трошоците и наплатата во еден систем. Донесувајте одлуки врз основа на реални податоци, а не на претпоставки.
Клучните информации на едно место.
Од првата нарачка до наплатата. Од магацинот до финансискиот извештај. HELIX ги поврзува процесите, ги намалува повторените внесувања и ви овозможува поорганизирано работење.
Повеќе од 2.300 компании му веруваат на ZONEL Software. Со HELIX добивате интегрирано ERP решение, искусни консултанти, обука и континуирана поддршка за вашето работење.
Години Искуство
Активни Компании
Корисници на HELIX
Изберете ја вашата дејност и видете ги специфичните функционалности
Колку клиенти повеќе би воделе без препишување на исти податоци? Со растот на обемот, контролата се губи, а грешките излегуваат на виделина дури кога е доцна за корекција. Никој нема јасна слика кој клиент ви одзема најмногу време.
Продажбата, магацинот, наплатата и книговодството се во еден систем. Податокот се внесува еднаш, одговорите ги имате веднаш, а одлуките ги носите додека месецот сè уште тече.
Напредно материјално работење, паметно следење залихи во повеќе магацини и налози за набавка.
Брзи, сигурни и интуитивни ПОС интерфејси со целосна законска фискализација на сметките.
Двонасочна синхронизација со WooCommerce и Shopify — залихи, цени и нарачки во реално време.
Прецизно следење на материјални нормативи, фази на производствен процес и реални трошоци.
Специјализиран ПОС за угостителство, брзо мапирање маси, менаџирање со менија и контрола на кујна.
Комплетен систем за рецепција, резервации, преглед на соби и брзо фактурирање на хотелски услуги.
Контрола на целата пресметка, не само на бројките: работни часови, придонеси, персонален данок, боледувања, одмори, МПИН и автоматско книжење — без рачно препишување и без чекање на програмер.
Законски усогласена пресметка на плата за јавни институции, со точни придонеси и данок, автоматска МПИН врска и извештаи и пријави според барањата на институциите.
Централизирано управување со податоците за вработените, работните ангажмани, отсуствата и кадровската евиденција.
Прецизна евиденција на работното време, следење на смени, доцнења и отсуства со автоматски извештаи и целосна контрола на присутноста.
Секој бизнис работи поинаку, а стандарден софтвер ги покрива само основите. Колку часови неделно ви одзема рачниот внес, и колку пари чинат грешките и информациите што доцнат? Затоа, во HELIX ERP, нудиме специјални решенија за различни индустрии и потреби — за од денешната состојба да стигнете до онаа што ја посакувате: помалку рачна работа, поточни податоци и повеќе време за раст.
Изберете го вашиот случај 👇
| Тема на анализата | Статус |
|---|---|
| Разлики меѓу влез и излез | Анализирано |
| Набавни и продажни цени | Потребна проверка |
Беспрекорна двонасочна синхронизација во реално време преку напредни API интеграции. Поддржано е поврзување со сите типови на веб-продавници во Македонија (WooCommerce, Shopify,...). Нарачките автоматски се увезуваат во системот, а залихите и цените се ажурираат веднаш.
Оптичко препознавање на фактури од хартија или PDF датотека и нивно автоматско копирање во влезен документ — со неколку клика. Решение за продавници, маркети, магацини со големи домашни или увозни документи и книговодствени бироа што водат повеќе малопродажни објекти.
За HELIX дознав преку пребарување на интернет. Програмот го користиме активно од 2008 година. Искуството се HELIX е големо во позитивна смисла бидејќи во текот на годините нашата база е збогатена т.е. доработенa со поголем број опции во користење на програмскиот пакет кој пак ни ја олеснува потребата во обработка на материјално финансовата евиденција. При контрола на инспекциските служби имаме пофалба во презентација на документацијата од материјално финансовата евиденција за точноста на податоците.
Лимиди РамаданНашата компанија работи на комплексни проекти и решенија во областа на градежништво, поточно водовод, греење, ладење и вентилација и најважни ни се прецизноста и континуираното следење на трошоците и ресурсите по проект. Со HELIX, добивме ERP решение што ни овозможи лесна евиденција и детален преглед на сите материјални и финансиски движења поединечно за секој проект. Работата сега ни е поорганизирана, а одлуки донесуваме многу побрзо и поинформирано. HELIX ни дава вистинска контрола и јасна слика за нашето работење.
Унитим ИванаЗонел Софтвер е компанија за која знаеме од почеток на нејзиното постоење. Носечката личност на нашата компанија беше директно инволвирана во изнаоѓање на најсоодветни решенија кои во тоа време ги креираше тимот на Зонел Софтвер и ги имплементираше како решенија во тогаш „најновиот” софтвер на пазарот. Соработката беше беспрекорна и на задоволство на двете страни. Со Helix се дружиме од самите почетоци, заедно растеме и созреваме.
Ком-Прес ЛидијаИзмислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми а од 1994 година го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување завршни пресметки.
„УНИ-КОНТ“ – Сметководствено биро ЗоранОдберете компанија која го разбира Вашиот бизнис и навистина се грижи за Вас!
Направете бесплатна проценка и веднаш дознајте каде се наоѓате и што треба да подготвите.
Провери ја подготвеноста на твојата фирма за е-Фактура.
Како компанија специјализирана за продажба на авто-делови, точноста и брзината во испораката се од клучно значење. Со HELIX и мобилните уреди, секој артикл се скенира и испраќа без доцнење, а интеграцијата со веб продавницата ни овозможува целосна контрола од нарачка до достава. Поддршката секогаш е брза и професионална – вистински партнер кој ти дава сигурност.
Дубровкиња Горјан