За Зонел Софтвер
Зонел Софтвер е софтверска компанија која постои од 1992 година. Нашите решенија ги користат преку 1900 клиенти од најразличен профил – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции.
Наша специјалност се програми за сметководствено, материјално и комерцијално работење со изобилство од менаџерски ориентирани извештаи за продажба. Нашите софтверски решенија се применливи во секој вид на компанија или индустрија.
Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.
Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.
Нашите решенија опфаќаат:
Финансово работење – сè што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава…
Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот.
Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи…
Ресторанско работење со Android Tablet уреди – Создадовме две апликации:
- Гостинска – самите гости преку уредот прават порачки кои се печатат на маркер принтерите во кујна/шанк, со што се избегнува чекање келнер за порачка.
- Келнерска – келнерите одат од маса до маса со уредот и прават порачки директно на уредот. Порачаката се печати на маркер принтерите во кујна/шанк… Келнерот преку уредот има увид кои маси се отворени и што е порачано.
Хотелско работење – Комплетно решение за вашиот хотел: Внес и регистрација на гости и соби, Извештај за процентуална исполнетост на соби и други детални извештаи, Можност за групни резервации и изработка на фактури за туристички агенции, Извештаи за искористеност на собите во хотелот, Извештаи за МВР за странски и домашни гости, …
HELIX за мобилни/PDA уреди – HELIX Mobile – амбулантна продажба и теренска наплата – за секој вид трговија на големо и дистрибуција до купувачи, прием и продажба во магацин, попис, ресторанско работење. Автоматско следење на работата на секој дирстрибутер од централна мониторинг локација, тековен увид во сите изработени фактури, посетени купувачи и извршени наплати.
Доработки по желба на корисниците.
За какви било прашања или консултации Ви стоиме на располагање.