Зонел Софтвер е софтверска компанија која постои од 1992 година. Нашите решенија ги користат преку 1500 клиенти од најразличен профил – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции.
Компанијата на своите вработени им нуди можности за напредок во кариерата во исклучително пријатна атмосфера со изразен тимски дух. Ви нудиме средина во која се почитува и се наградува квалитетот, во која сите вработени се охрабруваат да ги развиваат своите таленти и интереси. На нашите вработени им нудиме можност да работат на интересни проекти во најразлични сектори и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со професионалци од овие сектори.
ZONEL Software перманентно е заинтересиран за соработка со талентирани и енергични кандидати со позитивен став, кои се одлучни и решителни и кои сакаат да работат во динамична средина. Посебно ги цениме следните карактеристики:
- Самостојно и совесно извршување на секоја задача со изразена самоодговорност
- Темелност и тестирање на секоја завршена задача или операција
- Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
- Способност за работа во тимска околина и одговорност при работа со поголеми проекти во екипа со повеќе учесници
Изберете соодветна контакт форма за позицијата за која конкурирате, пополнете ја соодветната форма и испратете Ваше CV.
Потребни квалификации:
– Искуство со програмирање во Delphi
– Visual Studio, JAVA, MS SQL
– Претходно искуство во програмирање на ERP и финансиски апликации
– Познавање на корпоративно работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати)
Потребни квалификации:
– Познавање и искуство со HELIX системот
– Познавање на корпоративно работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати)
– Познавање на книговодствено работење (материјално и финансово)
– Искуство во телефонска и е-маил комуникација со комитенти и практичен трнинг и обуки
– Office пакети
Потребни квалификации:
– Искуство со администрирање на Windows и мрежи
– Искуство со инсталирање на софтверски апликации
– Познавање на хардвер и склопување на компјутери
– Познавање на MS SQL бази
– Поседување сопствено возило (со платени трошоци)
Потребни квалификации:
– Искуство со HELIX системот
– Искуство со презентации на софтверски решенија
– Познавање на корпоративно работење на една компанија од аспект на книговодство (финансово, материјално, малопродажба, плати)
– Искуство со Power Point и Office
– Англиски јазик
Потребни квалификации:
– Искуство со финансиски менаџмент, комерцијално и сметководствено работење
– Искуство со имплементација на ERP книговодствен софтвер или консултативни услуги во вакви рамки
– Искуство со спроведување на обуки на корисници на ERP / книговодствен софтвер
– Познавање на деловните процеси во компаниите и користење на деловна терминологија
– Позитивен неконфликтен пристап во контактот со комитенти
– Одлични комуникациски, организациски способности и желба за тимска работа
– Напредно Познавање на Office (Word, Excel, P. Point)