Често луѓето мислат дека секој софтвер за магацинско работење е сличен, но ова мислење е далеку од вистината. Ефикасното магацинско управување вклучува многу повеќе отколку само да се знае каде се чува одреден производ. Всушност, изборот на квалитетен софтвер за материјално работење и големопродажба може да има големо влијание врз вашиот бизнис и да ви обезбеди големи предности пред конкуренцијата.
1. Оптимизирани процеси
Нашиот софтвер за магацинско работење HELIX-M ќе ви овозможи да се оптимизираат вашите процеси со цел да одговараат на вашиот бизнис, како и на типот на материјали и производи со кои работите. HELIX-M овозможува користење на различни технологии при прием на производите, вклучувајќи и бар кодови, RFID, паметни ваги и слично.
2. Ефикасна распределба на ресурсите
Во зависност од големината на објектот и посебните барања за ракување со материјалите во магацинот, постои потребата од распоредување на различните процесите за манипулирање со материјалите на различни начини за да се овозможи максимална ефикасност во работењето на магацинот. Изборот на различни комбинации на подигање/пакување/складирање на материјалите во повеќето магацини се бескрајни, а HELIX-M ќе ви помогне во планирањето како најдобро ги искористите достапните ресурси, без потреба од дополнителен напор.
3. Подобрување на односите со добавувачите и со клиентите
Нашиот софтвер за магацинско работење овозможува да се намали времето на испорака и да се избегнат грешките при испорака. Навремена и точна испорака значи посреќни клиенти. Исто така и добавувачите се позадоволни, кога тие можат да ги испорачаат материјалите едноставно и без долго чекање некој да ја прифати испораката. HELIX-M може да помогне во подобрување на односите со сите партнери во вашиот систем на набавки и испорака.
4. Намалени оперативни трошоци
Преку користење на систем кој обезбедува да секогаш се одбираат прво лесно расипливите материјали или материјали на кои им истекува рокот, HELIX-M помага во намалување на отпадот и непотребните трошоци. Ефикасното користење на просторот и работната сила исто така придонесуваат во намалување на отпадот; HELIX-M може да ви помогне да ја пресметате оптималната локација за секој материјал, за да се обезбеди дека користењето на просторот е избалансирано во однос на процесите на подигање и складирање на материјалите во магацинот.
5. Подобро планирање на нарачките
HELIX-M обезбедува точни испораки, а ова ви овозможува да не користите дополнителни ресурси за повторно праќање на погрешно испорачаните пратки или испорака на пратки за замена на погрешно испорачани производи. HELIX-M не само што го подобрува вашиот систем за испорака, туку ви овозможува да преку историјата на нарачки се предвидат идните потреби за нови нарачки и да се пресмета побарувачката за одредени производи.
6. Подобро балансирани залихи
HELIX-M ви овозможува залихите да се чуваат во соодветни услови и да се користат во соодветен редослед а ова помага да се минимизираат остатоците, отпад и застареноста на одредени производи. Подобрената и точна евиденција ви овозможува да се намали нивото на минимални залихи со што се постигнува заштеда на трошоците за чување на големи залихи.
7. Подобрена безбедност
HELIX-M бара од секој корисник при креирање на трансакции да се најави со користење на својата лозинка. Резултатот е соодветен запис кој обезбедува информации за трансакции направени од одреден корисник на системот, што помага да се намалат кражбите и други форми на малверзации и да се обезбеди можноста за подобрена обука за најчестите грешки кои ги прават корисниците на системот.
8. Задоволни вработени
Вработените реагираат добро на ефикасните процеси, зголемената точност и автономијата при работата обезбедена од страна на HELIX-M, што резултира со подобрување на нивниот морал.
9. Транспарентност и прегледност
HELIX-M обезбедува прегледност во користењето на залихите и нивно соодветно балансирање кое помага во креирање на соодветен план за набавки и планирање на производство, што ќе ја намали појавата на празен од и ќе ги намали трошоците поради вишок на залихи. Покрај ова со HELIX-M не ви е потребен дополнителен софтвер за фактурирање бидејќи ги содржи сите неопходни елементи за изработка на фактури и дава детални прегледи за должници, промет по производи, анализа на продажба, состојба на влезни и излезни фактури, а на вработените во исто време им овозможува непосреден пристап до податоците во реално време кое пак им овозможува подобра евиденција и ажурно материјално работење.
10. Континуирано подобрување
Со изборот на нашиот софтвер за магацинско работење вие сте сигурни дека секогаш ќе бидете во чекор со трендовите во индустријата и дека ќе имате секогаш поддршка за вашите нови потреби со континуирано внимание на нови функционалности кои ви помагаат во намалување на трошоците, подобрување на работењето и во оптимизирање на процесите, со секоја нова верзија.
За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.
Побарај понуда