Бизнисот низ текот на годините сè повеќе и повеќе се развива со што се појавува потреба за управување со се повеќе и повеќе операции. Од контрола на залихи до скенирање со бар код на производите, од креирање на нарачки до наплата, од главна книга до следење на корисниците, се е компјутеризирано и тоа го прави бизнисот поефикасен и помага во намалување на трошоците.
Софтверот за малопродажба станува сè попопуларен во овој период. Овој софтвер им помага на компаниите да ја забрзаат продажбата и разните процеси на проверка во текот на работата со што ќе заштедат и од своето време но и од времето на клиентите.
Во нашиот софтвер за малопродажба HELIX-P има многу функционалности како што се – комплетна контрола на продажба, преглед на промет по вработени, преглед на сметки и продадени производи, поддршка за фискален принтер, попусти, повеќе начини на плаќање за една сметка, детален извештај за книговодство, модерен изглед и современ кориснички интерфејс, автоматско ажурирање лагер листа и пописни листи, материјална картица и сè што е законски задолжително: Книга на дневни финансиски извештаи (КДФИ), приемни листи (ПЛТ) и трговска книга (ЕТ).
Со професионалниот програм за малопродажба HELIX-P добивате многу предности. Најголемата предност е дека овој програм може да ви помогне во зголемување на вашиот профит. HELIX-P ги намалува трошоците за работна сила и ги забрзува сите процеси во малопродажбата со што ви дава повеќе време за други продуктивни активности во вашето работење.
HELIX-P софтверот за малопродажба ја минимизира можноста од човечки грешки. Рачно внесување на цени може да ве чини многу пари. Со користењето на HELIX-P се поставуваат однапред цените на секој производ во вашата продавница и при исчитување со бар код скенер заедно со производот се повлекува и цената и автоматски корисникот добива во секој момент точен увид во неговата сметка.
Со нашиот софтвер за малопродажба HELIX-P секогаш ќе имате информација кои производи се продаваат најбрзо а кои производи Ви стојат подолго време на залиха. Ова може да ви овозможи да се фокусирате на креирање на специјални попусти и акции за производите кои подолго време стојат на залиха. HELIX-P ја намалува можноста од кражби на вработените. Ова се прави преку посебна најава со своја лозинка за секој вработен, едноставна и брза контрола на залихата и водење на посебни извештаи за секоја сторнирана или избришана продажба и едноставна контрола на профитот за секој ден посебно.
За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.