Користењето на HELIX-L софтвер за пресметка на плата може да го забрза процесот на прецизно пресметување на платите, и да овозможи исплататa на платите секогаш да биде навремена. Со овој софтвер се намалува товарот од потребата за разбирање на сложени законски регулативи за пресметка и исплата на личниот доход. Како последица на тоа, тоа исто така може да се намалат административните трошоци. Исплатата на личниот доход – операција која е од критична важност за секоја организација – луѓето мора да бидат платени точно и на време. Поради ова од суштинско значење е квалитетната обука на вработените, и спроведување на постапки и планови за да се обезбеди континуирана и непречена исплата на личниот доход. Поради сево ова е важно е да се избере доверлив добавувач. За разлика од повеќето други деловни функции, вие сте зависни од добавувачот не само за обука, поддршка и за помош доколку работите тргнат наопаку, но исто така и за редовно ажурирање на сите промени на законската легислатива кои се однесуваат на начинот на пресметка и исплата на личниот доход.
Предности на HELIX-L – Софтвер за пресметка на плата
Најочигледната корист од нашиот HELIX-L софтвер за пресметка на плата е во тоа што со него пресметките на платите може да се завршат за многу побрзо време отколку при рачната пресметка. На крајот на годината сите потребни извешти се изготвуваат автоматски и за многу кратко време и можат секогаш повторно да се печатат ако се потребни подоцна.
Но, HELIX-L може да понуди многу повеќе од способноста да се пресмета личниот доход на секој вработен со сите потребни даноци и придонеси. Во овој програм за пресметка на плата може лесно да се интегрираат и обработените часови за секој вработен. На овој начин, информациите во врска со обработените часови, без разлика дали се собираат автоматски преку систем за контрола на работно време или се внесуваат рачно, ќе бидат автоматски префрлени во системот на платен список за пресметка на плата. Користењето на основниот систем за пресметка на плата заедно со одработените часови и редовноста на секој вработен дава можност од голем број на извештаи потребни во секојдневното работење на секоја организација.
Ова им овозможува длабинска анализа на трошоците за вработените во компанијата како целина, по организациони единици, па сè до индивидуални работни места и договори. Овој систем исто така овозможува чување на сите други потребни информации за вработените, како евиденција на годишен одмор. Овој вид на информации е обично поврзан со поширокиот систем за управување со човечки ресурси. HELIX-L ви овозможува евиденција на овие додатни информации, избегнувајќи ја потребата од додатен софтверски пакет.
Можности на HELIX-L – Софтвер за пресметка на плата
HELIX-L ги извршува сите потребни пресметки на плата и функционира секогаш во согласност со најновите и важечки законски регулативи во Република Македонија. HELIX-L исто така ви ги овозможува и следните функционалности:
Прилагоден на законските одредби за пресметка на плата:
- Редовни часови, Прекувремена работа, Работа на празник, Ноќна работа, Минат труд, Додатоци на плата, Боледување, Годишен одмор, Специјални услови
- Овозможува комплетно автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП.
- Автоматско креирање на годишна даночна пријава за потребите на УЈП. Може да се креира во печатена или електронска форма.
Извештаи:
- Врз основа на внесените податоци во пресметката на плата, се креираат следните извештаи: Преглед за евиденција на вработени, План за трошоци. Овие извештаи се исто така во електронска форма.
- Може исто така да се креираат мноштво на извештаи за вработените, список на казнети, нето и бруто примања, отсуства.
Овој софтверски пакет може да функционира независно или како дел од софтверот за сметководствено работење – HELIX-K со можноста за автоматско книжење на плата.
За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.