Зошто е важна анализата на профатибилноста за една компанија? Оваа анализа додава дополнителна димензија на вашето познавање на вашите бизнис операции, многу подлабоко од она  стандардното: кој продал, кому и колку.

Традиционалните сметководствени софтвери за мали и средни претпријатија само го пресметуваат профитот со едноставно пребивање на уплати и исплати на крајот на еден пресметковен период. Ако сте среќни ќе можете да добиете извештај на месечно ниво за одредени производи. Замислете да бидете во можност да добиете информации за профитот за секоја трансакција за секој ден, што ќе ви овозможи да го идентификувате трендот на продажба и со тоа да бидете во можност да преземете соодветни акции.

Со напредните анализи во HELIX вие на многу едноставен и брз начин ги имате следните придобивки:  

1. Соодветни информации за вашиот продажен тим

Секако, имате информација за секој ваш продавач, колку продал во пари и во количина, но дали знаете кој продавач ви генерира најмногу профит? Со напредните анализи во HELIX Вие ќе имате точна и навремена информација за профитот кој ви го генерира секој член на вашиот продажен тим. Дури ќе можете планот за провизии за продавачите да го поврзете со остварениот профит а не само со остварената продажба за секој продавач.

2. Запознајте ги вашите клиенти

Кои ви се „најдобрите“  клиенти? Не е само доволно да знаете колку секој клиент ви генерира продажби, потребно е да знаете и колку профит ви генерираат клиентите. Можете ли брзо да идентификувате кој клиент ве чини пари? Дали некои клиенти често добиваат големи попусти и ви враќаат многу производи? Со овие информации ќе знаете кои се вашите најдобри клиенти и ќе можете да обратите соодветно внимание на нив.

perfomansi

3. Соодветно знаење за вашите производи

Дефинирање на маркетинг стратегија или стратегија за развој на одредени производи без да се има соодветни информации за најпрофитабилните производи е само процес на нагаѓање. Профитабилноста за секој производ е основна информација за да може да се развијат краткорочни и долгорочни стратегии за тој производ. Одлуките за развој или воведување на нов производ или за прекинување со работа со одреден производ, мора да се базираат  на деталните информации за профитабилноста на секој производ. Дури и вашите краткорочни стратегии за промотивни акции или рекламирање на некој производ треба да се базираат на информациите кои HELIX  со своите напредни анализи може да ви ги обезбеди. Можете во секој момент да го видите профитот за секој производ, да видите кој е најпрофитабилен производ во одреден период, кој е најпродаван производ, да видите продажба во одредени периоди и уште многу детални извештаи кои ќе ви помогнат во планирање на начинот на продажба и маркетинг на секој ваш производ.

Ова се само мал дел од можностите што ги добива вашата компанија со напредните анализи  кои ви ги овозможува софтверскиот пакет HELIX. Напредните анализи ќе ви овозможат да ги зголемите вашите аналитички способности за вистински да ги разберете резултатите од вашите бизнис операции.

 Информацијата е моќ. Колку повеќе навистина го познавате вашиот бизнис, толку подобро ќе придонесете во пораст на истиот.

За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.

Побарај понуда