Зонел Софтвер целосно ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.
Најновите две законски измени 73 и 74 се однесуваат за креирање на Excel датотека за ДДВ Евиденции.
Овие законски измени се воведуваат врз основа на барањето на УЈП, ДДВ обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, се должни да достават и:
– евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и став 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
– евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.
Промените се изработени во Финансово во Налози. Промените се имплементирани преку додавање на две нови опции: Експорт на ДДВ во Ексел (Законска верзија 73) и ДДВ Евиденции за големи фирми (Законска верзија 74) во менито Книги во формата Преглед на финансови налози за книжење.
После изборот на соодветната опција зависно дали се работи за голема фирма или обична фирма се се внесуваат соодветните конта на кои се книжи ДДВ, се избира соодветниот даночен период и се кликнува на копчето Експорт.
Слика 1: Законска верзија 73
Слика 2: Законска верзија 74
За повеќе детали околу овие Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии