Нашите бизнис софтверски решенија се планирани и структуирани според потребите на нашите корисници. Користењето на HELIX софтверските решенија помага при елиминирање на човечките грешки и овозможува ефективност и конзистентност. Таквата употреба е важна за исполнување на задачите како и за генерирање на извештаи од работењето. Тоа ја зголемува ефективноста на работењето на компанијата.
Целта на едно софтверско решение е да го одржува и контролира бизнисот. Тоа е една од најважните алатки за ефикасност во бизнисот. HELIX софтверските решенија можат да Ви помогнат во исполнување на Вашите деловни потреби.
Пронајдете го модулот кој најмногу одговара на Вашите потреби. Тоа може да биде модул за сметководство, складирање, малопродажба или која било друга автоматизирана алатка за водење на разните бизнис активности.
- Финансово работење – се’ што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава…
- Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот.
- Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи…
- HELIX за мобилни/PDA уреди – HELIX Mobile – амбулантна продажба и теренска наплата – за секој вид трговија на големо и дистрибуција до купувачи, прием и продажба во магацин, попис, ресторанско работење. Автоматско следење на работата на секој дирстрибутер од централна мониторинг локација, тековен увид во сите изработени фактури, посетени купувачи и извршени наплати.
- Програм за евиденција на работно време GATE KEEPER – точни извештаи по вработени и периоди за одработени часови, паузи, отсуства; со можност за автоматска поврзаност со делот од Финансово работење за Пресметка на Плати.
На пример модулот за пресметка на плата е важен за менаџирање на исплатата на плати во организацијата за вработените и надворешните соработници. Овој модул го намалува обемот на работа за пресметување на платите и законските давачки за секој вработен во организацијата.
Модулот за Основни средства е исто така важна алатка за водење прецизна евиденција на средствата во Вашата организација.
HELIX содржи многу функции кои се насочени кон подобра продуктивност и контрола. Автоматизираните процеси и извештаите се незаменливи алатки кои можат да придонесат за зголемување на продуктивноста и воедно подобра контрола врз Вашиот бизнис. Со HELIX софтверот структурата на податоците и докментацијата се олеснуваат и тоа помага полесно да се водат сложени бизнис операции како и да се постигнат конкретни цели. При изработката на нашите решенија ние секогаш ги имаме во предвид Вашите бизнис цели.
Со HELIX ќе можете брзо да ја увидите Вашата финансиска состојба, профити и загуби, приходи и расходи итн.
Некои од придобивките кои ги овозможуваат HELIX софтверските решенија:
- Заштедуваат време, труд и пари.
- Ја зголемуваат ефикасноста и точноста.
- Безбедно ги складираат сите податоци.
- Спречуваат правење грешки.
- Водат сметка за прогресот на бизнисот.
Важно е да го изберете модулот кој најмногу Ви одговара имајќи ги во предвид потребите на Вашиот бизнис. Ви стоиме на располагање.