Успехот секогаш започнува со инспирација. Во периодот кој следува ќе имате можност да прочитате серија приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix кои несебично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех.
Продолжуваме со Медикус Хелп – компанија која со своите ортопедски помагала им го подобрува и олеснува животот на голем број на граѓани.
Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.
За почетоците
Нашата компанија започна со работа во далечната 1992 година. Во текот на нашето 26-годишно работење изградивме силна репутација во земјава со своите ортопедски производи, кои нудат квалитет, самодоверба, сигурност и помош во совладување на препреките со кои се соочуваат клиентите. Нашиот успех се темели на нашата подготвеност да одговориме на потребите на клиентите и да го понудиме најдоброто за нив. Со континуираниот развој на компанијата, следејќи ги светските трендови, постојано го збогатувавме нашето портфолио со производи кои ќе им помогнат на нашите клиенти да го достигнат својот главен приоритет, а тоа е здрав и независен живот. Денес Медикус Хелп е компанија која е посветена и на сите кои спортуваат и се грижат за себе преку својата спортска и фитнес програма.
Нашата мисија
Нашата мисија е постојано да ги реализираме барањата и очекувањата на купувачите со препознатлив квалитет на своите производи.
Производи кои ги олеснуваат секојдневните активности!
Нашите производи првенствено се наменети за лица кои имаат проблеми, да им го олесниме движењето и секојдневните активности. Исто така дел од нашата палета се и производи за подобрување на физичкото здравје како и за превенција. Тука спаѓаат производи наменети за професионални и рекреативни спортисти, но и за сите оние кои водат грижа за себе. Дел од нашата програма се и производи за мастектомија, за жени по операција на дојка.
Наши идни планови
Плановите за во иднина е да продолжиме да го нудиме најдоброто за нашите клиенти, да одговориме на нивните барања и да ја прошириме палетата на производи. Во нашиот фокус и понатаму ќе бидат клиентите и нивните потреби. Ќе продолжиме да го градиме нашиот бренд со производи од реномирани компании.
За ЗОНЕЛ Софтвер
Нашата соработка со ЗОНЕЛ Софтвер започна по препорака на компании кои имаат позитивно искуство со Helix.
Нашето искуство со Helix
Веќе 10 години го користиме Helix. За овој временски период, софтверот стана незаменлива алатка во секојдневното функционирање на нашата компанија. Сепак, сите овие години се доказ за нашето позитивно искуство со Helix.
Нашиот рецепт за успех
Рецептот за успех е посветеност , квалитет и достапност.
Наши 5 златни правила за успех!
- Професионален однос со купувачите, исполнување на барањата и реализирање во договорените рокови.
- Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
- Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на купувачите преку примена на најдобра пракса.
- Обезбедување на здрава работна средина и обука за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.
- Високо ниво на професионален однос со добавувачи и со други заинтересирани страни.