Продуктивноста претставува вредност поделена со време. Вработените не ги плаќате за тоа колку време поминуваат на работа, туку колкава вредност продуцираат во тие часови. Зголемете ја нивната вредност двојно! Еве неколку совети.
Осигурете се дека не го трошите времето на непотребни работи
Продуктивноста не е секогаш поврзана со капацитетот и вештините на вработените. Многу често главниот проблем се грешките во системската поставеност и начинот на работа. Една работа може да се направи на повеќе начини и Ваша работа е да го откриете и имплементирате најпродуктивниот начин на работење. На пример, постои можност сите влезни или излезени документи, извештаи, анализи, да ги генерирате со креирање на само една калкулација! Ова автоматски го заштедува времето кое би го потрошиле на одвоено креирање на фактура, испратница, приемен лист, повратница… и.т.н. Квалитетната системска поставеност јасно ќе ги Ви посочи сите слабости на вработените и ќе дефинира конкретно што треба да работи секој вработен на својот личен и професионален развој. Креирајте план уште денеска!
Обезбедете ги сите потребни услови
Ваша задача е да ги обезбедите сите потребни услови како би ги инспирирале вработените самите да ја зголемат продуктивноста. Голем број на трговски компании не користат софтвер за материјално и комерцијално работење или пак имаат решение кое само уште толку ги збунува им ја отежнува работата на вработените. Колку време се троши за правењето на една фактура? Дали клиентите мора да чекаат? Дали имате моментално ажурирање на лагер листатата, материјалните картици, комерцијалните извештаи во сите магацини и продавници веднаш по продажбата? Дали кончено најдовте решение како да ја подобрите наплатата? Поентата на еден квалитетен софтвер за материјално и комерцијално работење е тој да ги води вработените кон прогрес и развој. Заслужувате решение кое ќе ја зголеми Вашата продуктивност!
Дали времето ви е пријател?
Во каква врска сте со времето во голема мера зависи од тоа дали имате способност да се соочите со бројките и резултатите. Бројките никогаш не лажат. Замислете само колку Вашето претпријатие губи за само еден ден од сите вработени по макар 10 минути каснење. Пример 45 вработени x 10 мин. = 450 мин. = 7,5 х, а тоа е 20,6 дена месечно – онолку колку што работи еден вработен цел месец. На годишно ниво буквално фрлате 12 плати! Сериозна компанија мора да има беспрекорен систем за евиденција на работно време како потпора на резултатите на вработените. Ваква беспрекорна евиденција значително ќе го подобри односот на менаџерите и вработените. Се додека имате менаџери и шефови кои ќе мора да изигруваат полицајци ќе нема да може максимално да се посветите на развој на компанијата. Времето може да биде Вашиот најголем пријател. Еве како може да го креирате Вашиот беспрекорен систем!
Наградете го секој напредок
Со зголемување на вредноста на вработените природно е да се зголеми и нивната плата. Креирајте систем за награди и казни еднаков за сите вработени за еднаш засекогаш да ги тргнете сите главоболки и поплаки од вработените. Со пресметката на платата според заслугите може да му го загорчите животот на Вашиот сметководител доколку не му обезбедите соодветно софтверско решение. Долго време сметководителите беа во потрага по решение прилагодено на сите законски одредби (Редовни часови, Прекувремена работа, Работа на празник, Ноќна работа, Минат труд, Додатоци на плата, Боледување, Годишен одмор, Специјални услови, автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП, Автоматско креирање на годишна даночна пријава за потребите на УЈП…) И повторно законска измена во делот на плата! Повторно сизифовска борба со програмерите и софтверската компанија. Ставете крај на сите главоболки на Вашиот сметководител и разочараноста на Вашите вработени дека и овој месец не добиле на време плата. Резервирајте термин за софтверот на кој и овој месец беа изработени најмногу плати во земјава!
Вие направете ја промената
Како лидер Вие сте тие кои први треба да ја направите промената.
Закажете термин за бесплатна презентација!