Со Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер сте сигурни дека Вашиот програм е секогаш усогласен со најновите законски измени.
Ние од ЗОНЕЛ Софтвер континуирано ги следиме најновите законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истите ги имплементираме во HELIX.
Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:
-
Законска 83 (29.05.2019): Забрана за сторно сметка по изминување на 15 мин од издавање на фискална сметка – 29.05.2019 год
Согласно промените на Законот за регистрирање на готовински плаќања објавени во Службен весник бр.98/19, се забранува издавање на сторно сметка во угостителски објекти и обложувалници по истекот на 15 минути од издавање на фискална сметка.
При обид за креирање на сторно сметка за фискална сметка постара од 15 минути во Helix се јавува следната порака:
при што програмот не дозволува да се креира сторно сметка.
За повеќе детали околу оваа Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.