Честите економски кризи, понекогаш не спречуваат во плановите за инвестиции во нашиот бизнис. Овој страв за иднината на сопствениот бизнис често е главната причина за долгогодишната стагнација на голем број на компании. Логично прашање е дали и во услови на економска или политичка криза можете да се надевате на напредок на Вашиот бизнис? Во продолжение прочитајте неколку совети како да дејствувате:
Направете анализа на што можете да влијаете
Понекогаш целата енергија ја трошиме на работи на кои не можеме да влијаеме и чекаме работите да се подобрат за да промениме нешто. Многу веројатно е дека работите нема да се променат во блиска иднина. Затоа, мудро е промената и прогресот да го побарате кај Вас самите. Првата работа која треба да ја направите е темелна анализа на што можете да влијаете, односно кои се внатрешни и надворешни фактори. Имаме решение како да го доведете до совршенство Вашето внатрешно работење. Закажете бесплатно консултативно советување.
Воспоставете високи стандарди
Откако веќе ги имате утврдено внатрешните фактори, следен чекор е воспоставување на високи стандарди во сите сегменти на кои можете да влијаете. Високите стандарди често се поврзуваат со високи технолошки и инфраструктурни вложувања кои побаруваат поголема финансиска инвестиција. Сето тоа е секако важно, сепак, не е секогаш пресудно, особено на почетоците. Големината на Вашата компанија можете да ја покажете со некои фундаментални принципи на работење и без да вложите премногу средства. Предлагаме посебно да обрнете внимание да клучните сегменти како:
- Темелна документација
Недоволната документација е една од најголемите грешки кои ги прават компаниите, особено на почетоците. Единствен начин да имате вистинска слика за тоа во кој правец се движи компанијата е да водите темелна евиденција на целокупното работење. Во денешно време, несериозна одлука е да го водите Вашиот бизнис на хартија, во Word и Excel или пак на програма кој Ви нуди сиромашни информации и извештаи. Изборот на софтвер за материјално, комерцијално и финансово работење, како и поддршката за истиот е еден од првите и најважни тестови за секоја компанија. Изберете сигурен раст и развој!
- Управување со времето
Времето е најважниот ресурс кој го поседуваме. За жал, не можеме да добиеме повеќе време, но секако можеме правилно и фокусирано да го искористиме времето кое го поседуваме. Фактот дека една работа може да се заврши на повеќе начини, Ве обврзува како лидер да креирате систем со кој ќе го свртите времето во Ваша корист. Брзината на изработка на фактурите, приемот на робата, поврзаноста и добрата комуникација помеѓу секторите, како и беспрекорната евиденција на работното време ќе го купат за Вас она време по кое се разликуваат успешните од останатите компании.
- Продажба
Секторот за продажба секако е главен двигател во секоја компанија. Само квалитетна и добро анализирана продажна и маркетинг стратегија може да носи константен раст на една компанија. За да креирате најдобра стратегија многу е важно да имате правилни информации. Извештаите како промет по производ, промет по клиенти, промет по денови, месеци и години… и.т.н. се клучни за да имате правилна слика за компанијата, која ќе Ви помогне да креирате најдобра продажна стратегија. Покрај стратегијата исто така е важен е системот на продажба. Дали во моментов имате систем кој овозможува да реализирате продажба без разлика каде и да се наоѓате? Одберете го најдоброто решение за продажба!
- Грижа на корисници
Сето претходно кажано паѓа во вода доколку немате навремена испорака и посветена грижа на корисниците. Затоа многу е важно целиот систем на работење од прием, продажба, испорака да биде така насочен за да клиентите почувствуваат дека Ви се навистина важни. Не дозволувајте клиентите да чекаат премногу долго на испораката на услугата или производот. Долгорочните клиенти ќе Ве направат стабилна компанија која не се грижи дали ќе опстои без разлика на општата економска состојба.
Сите сегменти од Вашето работење во едно софистицирано решение!
Побарајте бесплатна демо верзија!
Претворете ги во предност надворешните влијанија
Најголемиот парадокс е тоа што економска криза може и позитивно да влијае на Вашиот бизнис. Големите лидери секогаш знаеле тешката состојба при економска криза да ја претворат во свој најсилен адут. Без разлика на економската ситуација луѓето во секој случај купуваат. Искористете ја слабоста на економијата или на најголемиот број на компании со тоа што ќе внесете свежина. Понудете нешто поразлично од сите останати.
Храбри одлуки
Среќата ги следи храбрите. Одберете да бидете среќни!
Закажете бесплатен консултативен разговор!