Креирањето бренд често се поврзува исклучиво со маркетинг активностите за производот. Сепак, вистината е дека за да направите вистински бренд потребно Ви е долгорочна стратегија која ги вклучува сите сектори од Вашата компанија. Прочитајте како да креирате бренд од било кој Ваш производ:
Погодете го моментот!
Вистинска реакција во вистинско време! Големите лидери низ историјата секогаш знаеле во кое време да повлечат правилен потег. Многумина велат дека се работи за среќа, или пак едноставно лидерите ја имаат таа способност. Дали е случајно? Вистината е дека позади прецизноста секогаш се крие темелна анализа и планирање. Не оставајте ништо на случајноста. Многу фактори влијаат на тоа кога е правилно време да лансирате нов производ или да креирате кампања за постоечки производ. Еве неколку клучни анализи:
-Кој е Вашиот производ ѕвезда?
-Кој производ се продава најдобро овој месец?
-Кои региони какви производи купуваат најмногу?
-Кои компании купуваат евтини, а кои скапи производи?
-Кои компании се проблематични плаќачи?
-Кои месеци се најтешки за наплата?
Направете темелна анализа уште денеска! Можеме да ви помогнеме да креирате план! Закажете термин за консултативен разговор тука! Бидете во вистинското време на вистинско место! Постигнете погодок!
Продавајте и кога не Ви оди најдобро!
Брендот и самиот се продава. Сепак, мора да најдете начин како да ги продавате Вашите производи и пред да станат препознатливи кај купувачите. Многу полесно се креира бренд од производ кој веќе го користат голем број на клиенти.
Продажбата, покрај добриот маркетинг и квалитетот на производот, секако зависи и од други фактори. Понудата е една од првите работи по кои клиентите ја градат сликата за Вашата компанија. Јасно дефинирана и концизна понуда е основата за долгорочна успешна соработка. Затоа е многу важно сета Ваша креативност и бизнис логика да ги вложите во креирањето на понудите. Прочитајте тука како секогаш да имате најдобра понуда?
Брзината на изработката на фактурите и Вашата подготвеност да издадете фактура во било кое време, без разлика дачи сте во канцеларија или на терен се дополнителни поени во очите на клиентите.
Прочитајте тука како да ја зголемите продажбата! Реализирајте ја Вашата зделка од соништата!
Пренесете искрена емоција
Продажбата е трансфер на емоција! Не заборавајте да бидете искрени во секој момент со Вашите клиенти и да пренесете искрена емоција, емпатија и желба да помогнете!
Вашите клиенти се Вашиот бренд!
Грижата на корисници е еден од клучните сегменти во Вашата мисија да создадете бренд. Каква слика оставате кај Вашите клиенти е всушност брендот кој сакате да го изградите. Вашите клиенти се Вашиот бренд! Степенот на задоволство на клиентите од Вашиот производ или услуга нека биде Вашиот најдобар работник и коректор во правец на подобрување. Не дозволувајте клиентите премногу да чекаат на Вашата услуга или производ!
Helix – 27 години Ваш бренд!
Сите проблеми со наплатата! Сите кризи! Сите проблеми со инспекциите! Сите месеци со слаба продажба! Сите непроспиени ноќи на сметководителите во периодот на завршни сметки, плати и даноци! Сето време поминато чекајќи на програмерите да ја направат потребната законска измена! Сите проблеми со кои се соочувале македонските компании низ годините сублимирани и решени во едно софистицирано решение! Одберете компанија која навистина се грижи за Вас! Квалитетот на животот и бизнисот зависи од одлуките кои ги носите!
Закажете Ваш термин за консултативен разговор!