Изборот на нов софтвер директно влијае на тоа како ќе се развива Вашиот бизнис. Сепак, во морето од понуди и ветувања на брда и долини не е секогаш лесно да го изберете најдоброто решение за Вашиот бизнис. Во продолжение прочитајте на што треба да внимавате кога избирате нов софтвер:
Истражете ја компанијата
Не дозволувајте да Ве понесе емоцијата. Пред да одберете решение темелно истражете ја компанијата. Особено во ИТ Индустријата, многу повеќе треба да обрнете внимание на компанијата отколку на самото решение. Денеска на пазарот има повеќе софтверски компании или програмери-индивидуалци кои имаат квалитетни решенија а сепак единствено што може да Ви понудат е нервоза и главоболки. Проверете колку долго компанијата е на пазарот, колку клиенти има, колку вработени има, дали има одредени судски спорови, казни… Одберете нов софтвер од стабилна компанија! Побарајте бесплатен консултативен разговор!
Сведоштва од клиенти
Сигурно со проблемите кои се соочувате ги имале или ги имаат и голем број други компании. Секогаш е убаво да се слушне како некој го има решено проблемот кој Ве мачи. Побарајте дали за решението кое сакате да го купите има позитивни сведоштва. Тие многу повеќе ќе Ви кажат за решението отколку презентацијата на истото. Прочитајте тука неколку успешни приказни.
План за развој
Човек без план не знае каде оди. Сигурно не сакате таква судбина за Вашата компанија. Успехот никогаш не доаѓа случајно! Уште при првиот разговор, прашајте каков е планот за развој на решението и како се развивало до сега. Не може да се развива Вашата компанија а софтверот да стагнира. Побарајте луѓе слични на Вас. Дружете се со победници! Тука можете да погледнете како изгледа историјат на развој на едно софтверско решение.
Корисничка поддршка
Секако еден од клучните сегменти по кои се разликуваат успешните софтверски компании од останатите е корисничката поддршка. Немате никакво фајде ако користите квалитетен софтвер а не можете да ги уживате сите негови благодети поради тоа што нема кој да Ви помогне при евентуални проблеми. Одберете компанија која се грижи за Вас!
Законски регулативи
Промените во законот понекогаш не фаќаат неспремни и ни е потребно подолго време систематски да ги имплементираме. Инспекцијата нема да Ве чека да ги бркате програмерите додека ги направат законските измени. Сизифовска работа е да преговарате со компанија која досега не воспоставила модул за редовна имплементација на законските измени. Бидете секогаш во чекор со законските измени. Погледнете тука кои се последните законски измени и проверете дали веќе се имплементирани во Вашето решение.
Обуки
Сигурно Ви е преку глава од прескапи обуки за програм за кој веќе дебело сте платиле. Разочарувачки податок е тоа што голем број на компании кои што имаат квалитетен софтвер користат само 20-50 % од неговите можности. Едукацијата е основа на која треба да го изградите Вашиот бизнис. Нема ништо полошо од тоа да немате доволно знаење! Што ќе Ви е ферари доколку не знаете да го возите?!
Одберете со кого ќе се дружите
Успехот во животот и бизнисот е просек од луѓето со кои најмногу се дружиме. Главното прашање кое треба да си го поставите е дали кога побаравте понуда, Ве прашаа кои се Вашите потреби и се адаптираа на Вашите барања или се обидоа да наметнат нивно готово решение? Доколку не се чувствувате најдобро во некој партнерски однос веројатно сте го погрешиле партнерот. Дружете се со победници! Одберете компанија која навистина се грижи за Вас! Закажете бесплатен консултативен разговор!