Главната мисија на еден успешен лидер е да го извлече најдоброто од своите вработени! Поразително за една сериозна компанијата е било каква стагнација кај вработените во својот личен и професионален развој. Во продолжение прочитајте како да извлечете максимум од своите вработени:
Систем за едукација
Кај голем дел од луѓето едукацијата завршува со завршувањето на формалното образование. Тоа е сиромашна филозофија која не носи добро ниту за Вашата компанија ниту за Вашите вработени. Одберете луѓе кои сакаат да учат. Не може да напредува компанијата доколку стагнираат вработените. Од тоа каков систем за едукација ќе воспоставите зависи како ќе се развива Вашиот бизнис. Не можете ниту да замислите што може да се случи со Вашиот бизнис доколку сите Ваши вработени го даваат најдоброто од себе. Имаме решение како да ги поттикнете вработените секогаш да го даваат својот максимум.
Побарајте бесплатен консултативен разговор!
Наградете го Вашиот бизнис!
Нема поголема стимулација за едно човечко суштество од тоа да биде наградено за работата која добро ја има завршено. Уметниците многу често најголемата сатисфакција ја добиваат од аплаузот и добиената награда или признание отколку самиот хонорар. Во деловниот свет, наградите секогаш ја играат најголемата улога во целокупното задоволство од условите во компанијата на еден вработен. Награда за вработените кои вложиле екстра труд е всушност и награда за Вашиот бизнис! Креирајте фер систем за награди кои ќе ги стимулираат Вашите вработени на константен раст. Постои решение како софтверски да водите документација на наградите.
Побарајте бесплатна демо верзија!
Олеснете му го животот на сметководителот
Еден од главните проблеми со кои може да се соочите после воведувањето на наградите и казните е пресметката на платата. Ова често може да предизвика каша-попара во пресметката и да му го загорчите животот на сметководителот доколку не обезбедите соодветна софтверска интеграција. Во пресметката на платата не секогаш само казните и наградите создаваат главоболки. Мора да имате решение и за прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови … Тука можете да погледнете беспрекорна формула за пресметка на плата. Покрај ова програмот за пресметка за плата едноставно мора да биде поврзан со соодветните државни институции, како не би морале се да внесувате двојно! Имаме решение за најпрецизна и наједноставна пресметка на плата! Донесете мудра одлука! Побарајте тука бесплатна демо верзија од софтверот на кој се пресметуваат најмногу плати секој месец!
Како правилно да менаџирате со човековите ресурси
Еден од најважните сегменти во менаџирањето на човековите ресурси е темелната документација. Само така ќе знаете што Ви недостасува и што треба да се подобри. Несериозно е да немате доволно податоци за професионалниот развој на Вашите вработени. Клучните сегменти за кои треба да водите евиденција се: степен на образование, квалификации, степен на инвалидност, титули, статус на вработени, курсеви, наградни мерки, казнени мерки, странски јазици, семинари… Испробајте го модулот човечки ресурси во Helix! Менаџирањето со вработените не било никогаш полесно!
Бидете инспирација!
Луѓето најлесно прават промени преку инспирација. Бидете Вие главната инспирација во Вашата компанија. Вие први направете промена доколку сакате да Ве следат вработените. Покажете дека сте лидер!
Побарајте бесплатен консултативен разговор!