Кризата е мачна состојба која се повеќе Ве оддалечува од Вашите соништа. Еден од најглавните проблеми во оваа состојба е чувството на беспомошност. Една таква апатична состојба секогаш дополнително ја продлабочува кризата, која е главна причина за згаснувањето на голем број македонски компании. Не очајувајте. Постои решение! Во продолжение прочитајте како наједноставно да излезете од состојба на криза:
1.Направете анализа
Кризата секако не е падната од небо. Прво и основно што треба да направите е анализа. Точно е дека не можеме да влијаеме на некои работи. За нив апсурдно е да трошиме време. Сепак, во голема мера од Вас самите зависи во каква состојба е Вашиот бизнис. Не можете да излезете од криза доколку не знаете од кои причини имате западното во истата. Ако Вие немате слика за сопствениот бизнис, кој треба да има?! Една од клучните анализи кои треба прво да ги направите е промет на производи по месеци и периоди. Често економската криза е резултат на погрешна политика околу тоа за кој производ во кој период треба да направиме кампања. Ова исто така повлекува можност за грешки во нарачките, расипување на производите, како и погрешен фокус. Можеме да Ви помогнеме да направите моќна анализа. Закажете бесплатен консултативен разговор!
-
Управувајте со времето
Епидемијата „Немам време сега за ова“ е главен покровител на кризата. Голем број на компании, би ги решиле сите проблеми доколку би имале повеќе време. За жал, не можете да добиете повеќе време. Но, среќна вест е тоа што за истото време може да продуцирате поголема вредност. Она што треба да направите е да ја зголемите вредноста! Постојат правила кои ќе Ви помогнат како да ја зголемите продуктивноста, кои можете да ги прочитате тука. Работете како успешните! Имаме систем за контрола на работно време кој ќе ги поттикне Вашите вработени на професионален развој. Бидете оваа година најуспешен менаџер!
Закажете бесплатен консултативен разговор!
-
Зголемете ја продажбата
Нешто ако може експресно да Ве извлече од кризата е зголемената продажба. Но, како да ја зголемите продажбата? Креирајте стратегија! Продажен сектор без стратегија е како спортска екипа која влегува во натпревар без анализа на противникот, сопствените слабости и без никаква тактика. Поразот е неминовен. Направете анализа на промет по комитенти во различни периоди. Едноставно мора да знаете како дишат Вашите клиенти. Продажбата е трансфер на емоции. Не можете да им помогнете на клиентите доколку не знаете што ги мачи и како се однесуваат. Правилната грижа за комитентите е најсигурниот пат кон нови клиенти. Голем број успешни македонски компании веќе долги години го користат Helix како сигурен систем за зголемување на продажбата. Работете мудро а не напорно! Побарајте бесплатна демо верзија!
-
Подобрете ја наплатата
Продажбата е завршена дури откако ќе се реалзира наплатата. Филозофијата на беспомошност и дека ништо не можете да направите во врска со наплатата ја турка Вашата компанија во амбис. Наплатата започнува од првиот контакт со клиентот! Односот кој го градите со клиентите може да замени многу извршители! Не е точно дека сте беспомошни! Со помош на Helix, можете да влијаете од самата изработка на фактурата и нејзината прегледност, до беспрекорната следливост на доспеаноста и навременото и често алармирање. Креирајте лимит за секој клиент по кој ќе Ве алармира програмот за заостанати долгови. Создадовме специјално за Вас правилник за беспрекорна наплата кој можете да го прочитате тука.
-
Направете промена
Доколку сакате да се променат работите и да излезете од кризата, едноставно морате да промените нешто! Од напуштање на кризната состојба Ве дели само одлука!
Закажете бесплатен консултативен разговор!