Нашата посветеност на следење на законските регулативи и нивната имплементација во Helix останува еден од нашите најголеми приоритети. Со ЗОНЕЛ Софтвер сте сигурни дека Вашиот програм е секогаш навремено усогласен со најновите законски измени.
Во Helix е имплементирана нова законска измена согласно последните промени на Законската легислатива:
Законска 86 : Субвенционирање на придонесите по основ на зголемување на плата
Оваа Законска измена е во согласност со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата кој е објавен во Службен весник на РСМ бр. 239/19.
Воведена е нова шифра во МПИН, за субвенционирање на придонесите: 404. При поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата до Управата за јавни приходи, согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите, (во натамошниот текст: обврзникот) се означува вработеното лице за кое се бара субвенционирање на придонесите, со внесување на шифра 404 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер.
Ви HELIX во Матични податоци на вработени во табот за Податоци за вработување, за вработениот за кој се бара субвенционирање се избира новата шифра 404.
За повеќе детали околу оваа Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.