Понекогаш имаме перцепција дека сметководство е досаден бизнис базиран на книжења, извештаи, завршни пресметки, даноци… Многу сметководители сметаат дека немаат премногу можности за развој и напредок на својата компанија. Многу сметководствени бироа се ограничени на неколку клиенти со чија работа се преоптоварени. Многу сметководствени бироа сметаат дека немаат капацитет за повеќе. Дали е така? Дали можете да креирате исклучителен бизнис од Вашето мало сметководствено биро? Ви ја откриваме тајната на успешните сметководители. Повеќе ништо не ве спречува! Креирајте реномирано сметководствено биро! Денес!
Дали заработувате онолку колку што вредите?!
Дали сметководството мора да биде стресна професија? Како да имате повеќе време за семејството? Дали сте платени онолку колку што вредите? Голем дел сметководители толку се оптоварени со работата што буквално ја носат работата секаде со себе. И тоа често им се случува на сметководители кои одлично си ја знаат работата. Знаењето не е секогаш доволно за да бидете успешни во бизнисот. Начинот на кој го преточувате знаењето во врвна, ефикасна и брза услуга е всушност она што ги дели успешните од помалку успешните сметководствени бироа. Една иста работа може да се направи на повеќе начини. Одлучете да го работите сметководството на наједноставен начин. Имаме решение кое ќе ви помогне како од Вашето сметководствено познавање креирате исклучителен бизнис!
Побарајте бесплатна демо верзија од програмот кој го користат најмногу сметководители во земјава!
Поминете ги завршните сметки опуштено!
Периодот на завршни пресметки е ноќна мора за сметководителите. И покрај тоа што денеска постојат повеќе програми кои имаат автоматско креирање на завршна сметка, сепак, далеку од тоа дека сметководителите имаат полесна работа. Внимавајте при изборот на софтверско решение. Ако сакате елегантно да го поминете периодот на завршни сметки, повеќе време поминете во истражување на софтверската компанија отколку на самото решение. И најдобриот софтвер без соодветна поддршка не значи ништо во периодите на зголемен обем на работа или завршни пресметки. Донесете мудра одлука! Како да имате правилен старт на годината можете да погледнете тука.
Кое книжење е најбрзо?
Денеска постојат на пазарот голем број софтверски компании кои нудат решенија кои имаат автоматско книжење и ветуваат дека значително ќе го забрзаат Вашето работење. И вистина е дека кога работењето е автоматско, логично е да се завршува работата побрзо. Сепак, секогаш постои дилема дали ова е најдобриот и најсигурен начин на книжење? Дел од поискусните сметководители се уште се потпираат на старото и според нив најсигурно рачно книжење, најмногу поради слободата и различната логика на работење на сите сметководители. На крајот се сé сведува на тоа дека потребно е автоматско книжење кое сепак не е автоматско.
Подготвивме специјален текст со совети како може да го забрзате книжењето, кој можете да го прочитате тука!
Зголемете го Вашиот капацитет повеќекратно!
Дали ова е максимумот? Каде е моќта на сметководителот? Една производствена компанија ако сака да расте го зголемува производствениот капацитет. Како може едно сметководствено биро да го зголеми капацитетот, покрај зголемувањето на бројот на вработени? Како да опслужите повеќе клиенти? Ако сметководственото работење го споредиме со производство ќе заклучиме дека брзината на работењето е всушност главната моќ на еден сметководител. Имаме решение како да го забрзате Вашето работење до неверојатни 100 проценти. Дуплирјте го бројот на вашите клиенти за само една година! Сметководството е бизнис кој исто така може да расте! Одберете софтвер кој ќе Ве инспирира на раст! Побарајте бесплатна демо верзија од програмот кој го користат најмногу сметководители во земјава!
Уживајте додека расте Вашиот бизнис!
Најголемата сила уметникот ја црпи од тоа што ужива во својата работа и продуктот кој го создава. Креирајте уметност од Вашето работење!
Закажете бесплатен консултативен разговор!