Нов софтвер? Проблеми со инсталација? Никако не можете да научите како функционира софтверот? Сè Ви изгледа различно од понудата? Сè Ви е комплицирано? Имате застој во работењето? Компанијата трпи загуби? Веќе сто пати се покајавте зошто сте направиле промена? Процесот на имплементација на нов софтвер е најважен сегмент од услугата која треба да ја добиете од Вашиот софтверски партнер. Заборавете на сите проблеми. Одберете ефикасна имплементација на Вашиот нов софтвер.
Бесплатна обука!
Џабе Ви е и најдобриот програм доколку не знаете како правилно да ги искористите сите негови можности. Голем број на компании користат само мал дел од можностите на програмот бидејќи обуките за истиот или се прескапи, или пак компанијата нема капацитет да ги овозможи. Обуката е клучен сегмент за правилен почеток на едно партнерство! Едукацијата е основа на која треба да го изградите бизнисот. Искористете ја можноста за бесплатна обука за Вашиот нов програм! Одберете знаење наместо нови нервози. Одберете можност која Ви гарантира совети и знаење од тим на економисти кои ќе помогнат како најлесно да креираме совршена хемија помеѓу Вашето работење и Вашиот нов програм. Закажете термин за бесплатна консултација!
Бесплатно префрлување на податоците!
Безбедно и сигурно префрлување на податоците, покрај стравот од промени е често главна кочница зошто компаниите не се одлучуваат да го променат програмот и покрај тоа што веќе подолг период не се задоволни од неговите перформанси. Стравот го чува лозјето, но и просперитетот на компанијата. Немојте да се плашите да ги промените старите навики и програмот кој Ви го успорува работењето. Одлучивме да го олесниме овој процес. Овозможуваме бесплатен пренос на податоците. Заштедете драгоцено време кое би го потрошиле на рачно внесување на податоците кое секогаш подлежи на грешки. Покрај тоа, програмот овозможува и едноставна можност за внесување на салдо и едноставен почеток на работењето. Едноставно направете промена на Вашиот стар и досаден програм без разлика во кој период од годината и да сме. Базата на податоци е темел на бизнисот. Одберете компанија која е посветена на Вашиот успех!
Бесплатни програмерски доработки!
Во процесот на имплементација многу често се јавува потреба од доработки за прилагодување на програмот со Вашето работење. Немојте да купувате скап програм со многу можности кој не е спремен да се прилагоди на Вашиот бизнис. Искористете ги бесплатните програмерски часови кои ги овозможуваме специјално за да добиете програм онаков каков што Ви е потребен. Во спремноста на компанијата да инвестира во Вашиот бизнис најмногу можете да препознаете дали некој само е заинтересиран за Вашите пари или сака да Ви помогне. Внимавајте на скриени трошоци во понудите. Понекогаш за обуки, доработки и имплементација треба да платите исто а можеби и повеќе од самата цена на софтверот кој го купувате. Фер пристап е она што го движи бизнисот напред. Закажете состанок!
Бесплатна корисничка поддршка во првиот месец!
Човек без поддршка од пријателите е изгубен човек. Исто е и во бизнисот. Особено во ИТ индустријата, се чини, дека корисничката поддршка е најважниот сегмент по кој се разликуваат софтверските компании. Софтверските решенија, горе-долу, помалку или повеќе ги содржат основните функции како нормално може да работи една компанија. Сепак, главната нервоза кај компаниите се јавува при првите технички или кориснички проблеми доколку немаат силна поддршка од софтверскиот партнер. Особено во периодот на имплементација, корисничката поддршка игра клучна одлука. Самиот процес бара софтверската компанија да биде максимално достапна и конструктивна за сите прашања и потреби на клиентот. Некои софтверски компании скапо го наплаќаат ова! Нашата одлука е инвестираме во стабилно партнерство! Искористете ја бесплатната поддршка во првиот месец. Закажете состанок за Вашиот нов софтвер!
Бесценето пријателство!
Вистинските пријатели меѓусебно се инспирираат на развој! Започнете ново пријателство поразлично од останатите каде главен фокус сте вие и Вашата визија за сопствената компанија. Понекогаш животот ни носи луѓе и настани кои ќе ни помогнат да ги оствариме нашите цели, само затоа што сме одлучиле да бидеме храбри! Закажете термин за бесплатна консултација!